397

Како и секоја година, традиционално и оваа, во организација на “Д Стронгест & Рутс – Охрид” и БЏЏФРСМ се организираше летен камп во Oхрид.

Кампот беше предводен од Проф. Роберт Наумоски (прв македонски црн појас во БЏЏ во светот). Тој беше во придружба на Марко Папуцковски кој исто така водеше дел од кампот.

Кампот беше поделен на три семинари, 2 семинари со кимоно (ги) кои беа предводени од Проф. Роберт Наумоски и еден семинар без кимоно (но-ги) кој беше предводен од Марко Папуцковски. По крајот на првиот семинар се изведе  тестирање за повисоки појаси, по што на некои членови им беше доделен повисок појас.

Марко Папуцковски кој живее во Австралија, а последната година тренира во Канада кај Фирас Захави, тренерот на светскиот шампион во ММА Жорж Сент Пиер, ја имаше таа чест да полага за црн појас во неговата родна земја.

Претседателот и тренер на Бразилска Џиу Џица федерација, Ивица Алексовски, исто така полагаше за црн појас, по што истиот му беше доделен од страна на Проф. Роберт Наумоски. Со ова тој стана првиот македонец со црн појас кој живее и работи во Македонија.

На семинарот учествуваа околу 80 ученици, од Скопје, Куманово, Охрид, Прилеп и др. Се прикажаа многу стенд ап и партер техники.

Линк до Семинарот со кимоно и полагањето за повисоки појаси …https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219328667633233&set=pcb.10219328695113920&type=3&theater

Линк до Семинарот (граплинг) … https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219320503349131&set=pcb.10219320545750191&type=3&theater