Во периодот од 7ми до 8ми октомври се оддржаа европско првенство во Истанбул Турција кое беше поделено на 3 дела (под 18 – youth European со кимоно , над 18 – professional European со кимоно и European professional без кимоно).

Даниела Алексовска освои златен медал на European professional без кимоно + 18 години , сребрен медал со кимоно над 18 години и бронзен медал под 18 години

Томи  Блажевски го освои златниот медал под 18 години со кимоно.

Покрај нив со сребрени медали се закитија-

Ева Илиевска (со кимоно над 18 години, црни и кафени појаси -95кг) ,

Анџела Стамкова (со кимоно под 18 години зелени појаси -48кг),

Изабела Зајков (со кимоно жолти појаси, под 18 години -57кг),

Марија Мичов (+18 години без кимоно -70кг).

Гораст Василевски не успеа да се избори за пласман од првото до треттото место.