Со 13 натпреварувачи, освоивме 13 медали!!!
Изминатиов викенд во Белград, Србија се одржа силен меѓународен турнир во бразилска џиу џица за деца до 18 години. Имаше натпреварувачи од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора…а нашите бои ги представуваа малите шампиони од “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ“.
Нашите репрезентатицви предводени од Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица и неговите помошници (Наде Василевска, Сандра Јанкова, Ива Антов, Симона Чипан) освоиа 13 медали, од кои 5 златни медали, 3 сребрени и 5 бронзени медали.
На ова натпреварување спојувањето беше во основа по возраста и приближно по килажата, но нашиот тим имаше повеќе борби каде што се бореа со потешки противници. Но, наученото на тренинзите нашите го реализираа 100%. Од нашите 14 представници, за 4 ова беше прв турнир, за другите 10 беше 2 или 3 турнир. Сите што не земаа златни медали, се бореа достоинствено и ги представуваат нашите бои на високо ниво.
Повеќето победи беа со зафати каде што судијата мораше да ги прекине борбите за да се случи некоја повреда кај противниците.
5 златни медали:
1. Даниела Алексовска
2. Томи Блажевски
3. Марко Панчевски
4. Леон Митков
5. Марко Ристовски
3 сребрени медали:
1. Никола Мојсовски – прв турнир
2. Андреј Василевски – прв турнир
3. Срна Миткова
5 бронзени медали:
1. Бојан Митковски
2. Александар Колевски
3. Ива Богдановска
4. Дамјан Петровски – прв турнир
5. Никола Цветановски
Истотака треба да истакнеме дека нашиот член, македонскиот шампион во БЏЏ и ММА борби, Стефан Пецевски беше еден од официјалните судии на турнирот каде што со својата професионалност се истакна пред останатите судии.
Тимот на Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ сака да изрази ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до “МАКОИЛ” кој беше спонзор на патувањето.
СИТЕ ЗАЕДНО ДОПРИНЕСОВМЕ ДА ДОНЕСЕМЕ ЕДЕН КУП МЕДАЛИ ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА И НА ВИСОКО НИВО ДА ЈА ПРЕДСТАВИМЕ НАШАТА ДРЖАВА!!!