На денешниот силен ММА турнир “RIZIN” кој секоја година се одржува во Саитама Арената, Крон Грејси (синот на Риксон Грејси – еден од најдобрите БЏЏ и ММА фајтери на планетава) повторно извојува победа над јапонскиот представник Татсуа Каваџири.
Крон како еден од најдобрите БЏЏ фајтери кој се бори на ММА низ светот и денес ја извојува својата победа благодарение на своето големо познавање на бразилската џиу џица. Тој го има еден од најдобрите во својот агол, големиот Риксон од кога има што да научи. Истотака Крон денес ги има едни од најдобрите ММА фајтери во својот камп како што се браќата Дијаз.
Тој својата денешна победа ја доби со зафат од позади (rnc) и Татсуа мораше да ја предаде борбата.
Љубителите на бразилската џиу џица се гордеат со оваа победа бидејќи денец Крон докажа дека без БЏЏ тешко е да се бориш во ММА.