- ДВАЈЦА НАТПРЕВАРУВАЧИ!!!
- ЕДЕН ЗЛАТЕН МЕДАЛ!!!
- ЕДЕН БРОНЗЕН МЕДАЛ!!!
- “РУТС БЏЏ” – 6ти НАЈДОБАР ТИМ на ТУРНИРОТ!!!
Изминатиов викенд во Загреб, Хрватска се одржа силниот меѓународен турнир во бразилска џиу џица во организација на светската федерација за џиу џицу “ABU DHABI JIU JITSU FEDERATION”. Овој турнир беше квалификациски турнир за светското првенство кое се одржува секоја година во април во Абу Даби.
Еден од нашите најтрофејни натпреварувачи, член на “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” и член на Македонската Федерација за БЏЏ, Стефан Пецевски под водство на својот тренер, Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица го освои златниот медал по освоени три победи.
Во финалната борба го декласира својот противник од Унгарија и за само една минута ја заврши борбата со атрактивен зафат на вратот, по што противникот мораше да ја предаде борбата.
ОВА Е ПРВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НАШ МАКЕДОНСКИ ПРЕДСТАВНИК, ЧЛЕН НА НАШАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА БЏЏ!!!
Пецевски со ова се пласира за натпреварот во апсолутна категорија каде што се борат сите победници во категорија на плави појаси со тежина од 77 килограми па нагоре. Во првата борба, Пецевски со 77 килограми се бореше со противник кој беше 105 килограми и по резултат 0:0 ја загуби борбата ( со предност ).
Истотака кај борбите во категории за девојки, нашата натпреварувачка Наде Василевска го освои третото место и се закити со бронзен медал. Василевска истотака е првата македонка кој е дел од Македонската Федерација за БЏЏ која освоила медал на турнир во организација на “UAJJF”!!!
Истотака тимот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” од 38 тимови од 25 држави се пласира на извонредното 6 МЕСТО во ТИМСКА КОНКУРЕНЦИЈА и тоа САМО СО ДВАЈЦА СВОИ ПРЕДСТАВНИЦИ!!!
Не знаеме што ќе се случеше доколку материјалните средства не беа причина нашиот тим да биде со поголем број на натпреварувачи!!!
ЕДИНСТВЕН СПОНЗОР НА НАШИОТ ТИМ БЕШЕ “Д СТРОНГЕСТ ШОП”!!!
Погледнете ја финалната борба на Пецевски!!!