100% успешен скор на борците од “THE STRONGEST MMA TEAM”

314

Денес во Прилеп се одржа по втор па ММА турнирот “Крали Марко”, организиран од “МАКСАМ” – Прилеп.

.B702704257AF7A961C1BB8EC5C86601205FDA7AD8BEF1D955^pimgpsh_fullsize_distr

ММА тимот на “Д СТРОНГЕСТ” учествуваше со тројца свои представници и сите тројца извојуваа победи.

Стефан Пецевски извојува победа со зафат. Уште во првата борба Пецевски тотално го доминираше својот противник кој после првата минута беше принуден да ја предаде борбата. Пецевски го затвори во исто време со “триаголнник” и “армбар” по кои противникот немаше друг избор, туку да ја предаде борбата.

^E238B5183F923951950C22AB7DFFDA610EE37D7FC28BF7B8A4^pimgpsh_fullsize_distr

Борбата на Пецевски…https://www.youtube.com/watch?v=CT6HGBgCbdU&feature=youtu.be

Александар Јакимовски го имаше своето деби и по изведување на еден успешен “хај кик” и соборување на својот противник на подот изведе зафат на ногата, по кој противникот ја преде борбата.

jpgAFDA760EEF451B7BB704847D25085E949AADA8586E46AA7DE^pimgpsh_fullsize_distr

Борбата на Јакимовски…https://www.youtube.com/watch?v=RY-tfp-ZGZ0&feature=youtu.be

Александар Заткоски се бореше со 7 килограми потежок противник, каде што на поени беше убедливо подобар. Заткоски имаше доминација на подот и имаше неколку чисти рачни удари од кои два удари беа со нокдаун.

^AD97610B79715025AC98BA8F2A124CB71EA08BBB2BEB078050^pimgpsh_fullsize_distr

Тимот беше предводен од Основачот на Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” и ностел на кафен појас во БЏЏ, Алексовски Ивица кој е задолжен за клинчот и борбата на под и македонската кикбокс легенда,   Петковски Зоран задолжен за борбата во стоечка положба.

Овој 100% скор се должи на квалитетните тренинзи во Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, на квалитетната програма по која работат членовите на тимот и Центарот.