Злато и сребро на Интернационалниот Џудо турнир во Струга

320

Вчера во Струга се одржа Интернационален Џудо Турнир организиран од џудо клубот “Дрим” на кој присуствуваа над 300 натпреварувачи од над 10 земји (Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Холандија итн…).

13417699_10208704746210173_5775582308241474646_n 13423946_10208704533204848_6038733800556379611_n

Тимот на  “Д СТРОНГЕСТ “  настапи со 6 свои натпреварувачи. За сите ова беше прв меѓународен турнир во џудо и прво искуство воопшто на еден џудо турнир.

Нашите девојки Даниела Алексовска и Ива Богдановска по освоените две победи се пласираа во финалето. Во финалната борба Даниела победи и го освои првото место и се закити со златен медал, а Ива го освои сребрениот медал.

13450253_10208704748450229_6144294649648308802_n 13450974_10208704745210148_3650006553537363241_n

Нашиот тим, покрај двете девојки беше составен од 6 годишните Томи Блажевски и Марко Блажевски и од 10-годишните Александар Колевски и Никола Цветановски. Сите прикажаа квалитетни борби, но во борбите со многу поискусните противници кои имаа многу повеќе искуство и тоа како на турнирите така и со џудо првилата, нашите представници ги загубија борбите.