Вчера во Струга се одржа Интернационален Џудо Турнир организиран од џудо клубот “Дрим” на кој присуствуваа над 300 натпреварувачи од над 10 земји (Македонија, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Холандија итн…).
Тимот на “Д СТРОНГЕСТ “ настапи со 6 свои натпреварувачи. За сите ова беше прв меѓународен турнир во џудо и прво искуство воопшто на еден џудо турнир.
Нашите девојки Даниела Алексовска и Ива Богдановска по освоените две победи се пласираа во финалето. Во финалната борба Даниела победи и го освои првото место и се закити со златен медал, а Ива го освои сребрениот медал.
Нашиот тим, покрај двете девојки беше составен од 6 годишните Томи Блажевски и Марко Блажевски и од 10-годишните Александар Колевски и Никола Цветановски. Сите прикажаа квалитетни борби, но во борбите со многу поискусните противници кои имаа многу повеќе искуство и тоа како на турнирите така и со џудо првилата, нашите представници ги загубија борбите.