Прво Европско Првенство во БЏЏ на нашиот тим – еден натпреварувач -два медали

265

7771_966116950102161_6323197358063248202_n    Minhen 2016

За прв пат нашиот тим “The Strongest & ROOTS BJJ” настапи на Европско БЏЏ Првенство кое се одржа во Минхен, Германија, а беше во организација на “IBJJF”. До сега нашиот тим поради финансиски причини не беше во можност да настапува на Европски и Светски првенства во БЏЏ.

Minhen 2016  Minhen 2016

Нашиот тим го представуваше еден од најдобрите натпреварувачи на Балканот, Стефан Пецевски во придружба со својот тренер и Председател на македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица.

Minhen 2016 Minhen 2016

Во првата борба Стефан го победи освојувачот на златниот медал од овогодинешниот БЏЏ турнир во Берлин, Германија, а во полуфиналанта борба беше подобар од својот руски противник и се пласира во финалето. Во финалната борба иако водеше на поени, Стефан на крајот ја загуби борбата поради една гршка која го чинеше многу, па на крајот мораше да се задоволи со сребрен медал.

Minhen 2016  Minhen 2016

Во апсолутната категорија по неколку победи, загуби во полуфиналето од многу потежок и поискусен противник и го освои бронзениот медал.

Minhen 2016

За Стефан ова е едно големо искуство и се надеваме дека во иднина ќе се докаже на вакви елитни натпревари.

12717739_966116946768828_3858898005516477723_n  12742331_966116920102164_1910030253711416290_n