Повторно врвни успеси на нашиот тим – 4 натпреварувачи – 5 медали

281

belts_medals 1

 

 

Овој викенд во Загреб, Хрватска во организација на Хрватската Федерација за БЏЏ и Хрватската Не Ваза ЏЏ Федерација се одржа еден од најквалитетните турнири во регионов, познатитот “EAST EUREOPEAN BJJ OPEN 2016”.

Учестуваа тимови од Хрватска, Србија, Босна, Црна Гора, Германија, Австрија, Италија, Словенија, Чешка, Полска, а боите на нашата држава ги бранеа 4 членови од “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” под водство на Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица.

2 5

На овој турнир со 4 представници освоивме 5 медали (две златни, еден сребрен и два бронзени медали) и тоа:

  • Стефан Пецевски во категоија на плави појаси освои 2 златни медали (категорија и абсолутна) и беше од борците кои освои највеќе победи на овој турнир.
  • Мартин Стефановски – во категорија на плав појаси по победата со зафат во полуфиналната борба, во финалето загуби и го освои сребрениот медал.
  • Сандра Јанкова – во категорија на плави појаси во полуфиналната борба повторно мораше да се бори со противничка од Словенија која беше потешка за 10 килограми и неколку-кратен шампион во џудо. Јанкова го освои бронзениот медал.
  • Славчо Стојановски – во категорија на бели појаси Мастер ја загуби полуфиналната борба и го освои бронзениот медал.

7 6

Нашиот тим поради финансиски проблеми отидте со мала број на представници, но како и секогаш достоинствено не представија како нашата школа, така и нашата држава.

3

Следна цел е предстојниот турнир кој во недела ќе се одржи во Минхен, Германија под капата на “IBJJF” , а ќе не представи еден од нашите најголеми бџџ таленти, Стефан Пецевски.

Алексовски за престојниот турнир во Минхен се надева дека ќе донесе уште еден или два медали  за нашиот тим и држава.