“ROOTS BJJ” – НАЈДОБАР ТИМ на “GAMENESS MACEDONIAN BJJ OPEN 2015” со освоени 50 МЕДАЛИ!!!

370

 

Шампионскиот тим на  на вчера завршениот “”Gameness Macedonian BJJ Open 2015” освои 50 медали, од кои:

  • 12 ЗЛАТНИ МЕДАЛИ;
  • 18 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ;
  • 20 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ.

Тимски резултати:

  1. ROOTS BJJ – 182 поени;
  2. ZENITH – 51 поени;
  3. GRACIE BARRA SRBIJA – 45 поени;
  4. MIRKOVIC BJJ – 40 поени;
  5. TIRANA – 42 поени;
  6. MATA LEAO – 16 поени;
  7. BUDO VELES – 10 поени;
  8. CARLOS MAIA – 8 поени;
  9. VARDAR – 1 поени;

Вчера заврши вториот Меѓународен турнир во Бразилска Џиу Џица “Gameness Macedonian BJJ Open 2015” на кој учествуваа над 25 тимови од повеќе од 10 земји.

rsz_dsc_0168

Турнирот започна со ревијалните борби со најмалите БЏЏ идни шампиони каде што најмладите од македонскиот клуб за БЏЏ “ROOTS BJJ” се натпреваруваа против педставници од повеќе различни клубови од Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Тешка задача имаа тренрите да ги направат паровите бидејќи во одредени борби имаше разлика во килограми од 10 килограми и повеќе, разлика во години, различен пол. Но, целта на овие борби беше најмалите да го почнат својот пат во БЏЏ. Двете наши девојчиња Ива Калензис – Богдановска и Даниела Алексовска кои се бореа со момчиња достоинствено го представија клубот. Алексовска се бореше со момче кое беше скоро 10 кг. потешко, но извојува победа со зафат (арм бар). Во својата прва борба 5-годишниот Марко Панчевски победи против својот противник од Албанија. Леон Митков се бореше со потежок противник (повеќе од 10 кг.) и оваа борба беше со голема динамика, иако Леон цело време напаѓаше и покажа квалитет, разликата во килограмите беше пресудна за победа на противникот од Струмица. Марко Ристовски ја доби својата победа по дисквалификација на неговиот противник поради недозволен зафат. Во борбата помеѓу нашите најмали членови Томи Блажевски и Никола Лазаровски, Томи победи на поени.

12200808_10205247887781169_1464757103_n

Истотака Александар Колевски, Срна Миткова, Никола Цветановски се бореа со потешки, повозрасни и поискусни противници. Тие ги загубија своите борби, но сепак ова  прв пат да се појават на еднио ваков бџџ турнир.

12204682_10205247888181179_50097835_n

Потоа турнирот продолжи со Супер Борбите во кои настапија 3 кафени појаси и еден црн појас во БЏЏ.

Во останатите борби во виолетови, плави, бели појаси, борби во женска категорија, борби за натпреварувачи под 18 години се видоа многу атрактивни техники, голема динамика во борбите и бевме сведоци дека бразилската џиу џица полека , но сигурно зема голем замав на Балканот. Се виде имаме голем потенција и идни шампиони.

12202144_10205247881141003_1648929617_n

Во категорија каде што имаше највеќе натпреварувачи ( – 82.3 кг. ) нагрaдата од PBC.MK суплементи во вредност од 100 евра ја доби Сашко Мирчевски од ROOTS BJJ.

12202220_10205247880620990_48636548_n

 

За најдобар натпреварувач со највеќе победи и наградата од 200 евра ( спонзорство од Тату Студио “Mixed Ink” ) ја доби Милош Благојевиќ  од Gracie Barra Belgrade.

12204533_10205247866780644_1395002321_n

ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ – КИМОНА од светки – познатиот и докажан бренд “ “GAMENESS” + СУПЛЕМЕНТИ од еден од најдобрите македонски продавници за суплементи “PBCMK” ги добија следниве победници во АПСОЛУТНИТЕ КАТЕГОРИИ:

12207812_10205247864980599_1960972338_n

  • Жени: Мартина Петреска – ROOTS BJJ;

 

 

12202262_10205247880500987_1195649675_n

  • – 18 години: Клемент Бинај – Tirana MMA Center;

12195965_10206534243589258_4302035792585149836_n

  • Бели појаси: Милош Благојевиќ – Gracie Barra Beograd;

12200452_10205247878140928_700362458_n

  • Плави појаси: Стефан Пецевски – ROOTS BJJ;
  • Виолетови појаси: Иван Крпелник – Mirkovic BJJ;

12200626_10205247878540938_102089505_n

  • Кафени & Црни појаси: Марко Јокмановиќ – A-Force BJJ MNE Mata Leao.

Организациски турнирот помина во најдобар ред. Фер плејот и респектот помеѓу натпреварувачите беше на високо ниво. Турнирот во живо се пренесуваше на “Урбан ФМ 90.3” каде што екипата од радиото во неколку наврати направи интервју со Преседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица, главниот судија од Хрватска, црниот појас во БЏЏ, Бојан Мирковиќ и уште неколку натпреварувачи. Ова беше уникатно и се надева дека во иднина ќе имаме уште поголема соработка со “Урбан ФМ 90.3”.12195965_10206534243589258_4302035792585149836_n

12188752_10205247898141428_108381140_n

Нашите македонски клубови од Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп и Битола кои се дел од “ROOTS BJJ” предводени од Основачот на “The Strongest & ROOTS BJJ” и Председател на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица уште еднаш се покажа како квалитет на високо ниво.