Победи во ММА & Бразилска Џиу Џица & Граплинг за “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”

304

Вчера во Велес се одржаа два настани поврзани со боречките вештини – “Cage Grappling” & “Fight Night Championship”!!!

12042921_10207092431863322_552547882745916518_n  1.1

 

 

Во предпладневните часови за одржа турнир во Граплинг и тоа борбите не беа изведувани на татами, туку во кафез во кој истиот ден се одржа ММА турнирот.

2 1 3

Тимот составен од нашите “ROOTS BJJ” клубови од Скопје, Охрид и Куманово го освои ПРВОТО место за НАЈДОБАР ТИМ на турниот.

Тимот освои:

  • 6 златни медали;
  • 4 сребрени медали;
  • 2 бронзени медали.

 

12143353_10207092437543464_368617344444523500_n 12108161_10207092436903448_6240951408375293646_n 12107035_10207092436503438_6461763217868423377_n 11225156_10207092436103428_2592547352696458163_n 10302460_10207092435223406_1177270527099873248_n 12046821_10207092434463387_103730015192860813_n 11990584_10207092434063377_718579047498654903_n 11167852_10207092433063352_2993495072345588206_n

Во вечерашниот главен настан, ММА турнирот “FIGHT  NIGHT CHAMPIONSHIP”

се одржаа скоро 20 профи мма борби.

Нашиот тим “ Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ”  учествуваше со тројца свои борци.

6  9

14  10

Прв настапи Стефан Пецевски  кој досега освои многу златни медали на повеќе меѓународни турнири во бразилска џиу џица (со кимоно и без кимоно). За Стефан ова беше прва ММА борба во неговата кариера. Борбата ја заврши брзо, по изведување на успешно фрлање, дојде во позиција на т.н. mount  каде што почна со задава рачни удари. Потоа неговиот противник почна да се движи на подот и Стефан со позиционира во т.н. back control  каде што продолжи со задавање на рачни удари и противникот ја предаде борбата.

Борбата на Стефан…https://www.youtube.com/watch?v=nvUls_xOJH0

7  12

15 (2)  15

 

Втор наш представник беше 19-годишниот Иван Милошев. За него ова беше прва ММА борба, прва борба во кафезот и досега без ни една аматерска ММА борба настапи во Профи борба. Се работи за перспеткивен борец  кој допрва ќе се докажува и на ова поле. До сега на силни меѓународни турнири во бразилска џиу џица се борел со 40 килограми потешки противници каде што извојувал повеќе победи. Во првата рудна по изведени неколку прецизни рачни и ножни удари водеше на поени, но во втората борба по извршени  две буткања на под од противникот Иван ја загуби борбата на поени.

Борбата на Иван…https://www.youtube.com/watch?v=wObS6hV30kw

22  8

11  5

 

Третиот наш ММА представник беше Александар Заткоски кој досега имал неколку аматерски ММА борби, но за него ова беше Прва Профи ММА борба и прва борба во кафез (досегашните борби беа во ринг). Борбата ја започна мудро, упати неколку прецизни рашни удари во главата и веднаш потоа сакаше да го бутне противникот на под. Од реакциите на противникот се виде дека тој ќе ја избегнува борбата на под и понатамошната стратегија беше борбата да се заврши со некој зафат. Како што беше и предходно договорено, по мегусебната размена на рачни удари од блиско растојание Александар се спушти и се обиде да го бутне противнкот на под. Неговиот противник од Босна, не падна на подот, а Александар ја фати неговата рака и  изведе зафат на раката т.н. arm bar . Противникот по изведување на зафатот мораше да ја предаде борбата. Голема чест за Александар беше што златниот медал за победата лично му го врачи еден од најпознатите ММА Шампиони на Балканот, Маро Перак.

За Александар ова е добар почеток на неговата профи ММА кариера.

Борбата на Александар…https://www.youtube.com/watch?v=O8Gqz8_8qMA

11224775_10206510832267776_3992327492060593153_n  16

17  18

21  20

Се на се ова беше одличен приказ на нашата школа како за ММА, така и за Бразилска Џиу Џица.

Се тоа што го вложуваме во нашите членови секој ден стануваме СИЛНИ, ПОСИЛНИ….НАЈСИЛНИ….STRONG…STRONGER…T H E   S T R O N G E S T !!!

19  24

23  11011033_10206510848308177_8233646574666412474_n