Шампионскиот тим на на вчера завршениот “”Gameness Macedonian BJJ Open 2015” освои 50 медали, од кои:
- 12 ЗЛАТНИ МЕДАЛИ;
- 18 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ;
- 20 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ.
Тимски резултати:
- ROOTS BJJ – 182 поени;
- ZENITH – 51 поени;
- GRACIE BARRA SRBIJA – 45 поени;
- MIRKOVIC BJJ – 40 поени;
- TIRANA – 42 поени;
- MATA LEAO – 16 поени;
- BUDO VELES – 10 поени;
- CARLOS MAIA – 8 поени;
- VARDAR – 1 поени;
Вчера заврши вториот Меѓународен турнир во Бразилска Џиу Џица “Gameness Macedonian BJJ Open 2015” на кој учествуваа над 25 тимови од повеќе од 10 земји.
Турнирот започна со ревијалните борби со најмалите БЏЏ идни шампиони каде што најмладите од македонскиот клуб за БЏЏ “ROOTS BJJ” се натпреваруваа против педставници од повеќе различни клубови од Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Тешка задача имаа тренрите да ги направат паровите бидејќи во одредени борби имаше разлика во килограми од 10 килограми и повеќе, разлика во години, различен пол. Но, целта на овие борби беше најмалите да го почнат својот пат во БЏЏ. Двете наши девојчиња Ива Калензис – Богдановска и Даниела Алексовска кои се бореа со момчиња достоинствено го представија клубот. Алексовска се бореше со момче кое беше скоро 10 кг. потешко, но извојува победа со зафат (арм бар). Во својата прва борба 5-годишниот Марко Панчевски победи против својот противник од Албанија. Леон Митков се бореше со потежок противник (повеќе од 10 кг.) и оваа борба беше со голема динамика, иако Леон цело време напаѓаше и покажа квалитет, разликата во килограмите беше пресудна за победа на противникот од Струмица. Марко Ристовски ја доби својата победа по дисквалификација на неговиот противник поради недозволен зафат. Во борбата помеѓу нашите најмали членови Томи Блажевски и Никола Лазаровски, Томи победи на поени.
Истотака Александар Колевски, Срна Миткова, Никола Цветановски се бореа со потешки, повозрасни и поискусни противници. Тие ги загубија своите борби, но сепак ова прв пат да се појават на еднио ваков бџџ турнир.
Потоа турнирот продолжи со Супер Борбите во кои настапија 3 кафени појаси и еден црн појас во БЏЏ.
Во останатите борби во виолетови, плави, бели појаси, борби во женска категорија, борби за натпреварувачи под 18 години се видоа многу атрактивни техники, голема динамика во борбите и бевме сведоци дека бразилската џиу џица полека , но сигурно зема голем замав на Балканот. Се виде имаме голем потенција и идни шампиони.
Во категорија каде што имаше највеќе натпреварувачи ( – 82.3 кг. ) нагрaдата од PBC.MK суплементи во вредност од 100 евра ја доби Сашко Мирчевски од ROOTS BJJ.
За најдобар натпреварувач со највеќе победи и наградата од 200 евра ( спонзорство од Тату Студио “Mixed Ink” ) ја доби Милош Благојевиќ од Gracie Barra Belgrade.
ГЛАВНИТЕ НАГРАДИ – КИМОНА од светки – познатиот и докажан бренд “ “GAMENESS” + СУПЛЕМЕНТИ од еден од најдобрите македонски продавници за суплементи “PBCMK” ги добија следниве победници во АПСОЛУТНИТЕ КАТЕГОРИИ:
- Жени: Мартина Петреска – ROOTS BJJ;
- – 18 години: Клемент Бинај – Tirana MMA Center;
- Бели појаси: Милош Благојевиќ – Gracie Barra Beograd;
- Плави појаси: Стефан Пецевски – ROOTS BJJ;
- Виолетови појаси: Иван Крпелник – Mirkovic BJJ;
- Кафени & Црни појаси: Марко Јокмановиќ – A-Force BJJ MNE Mata Leao.
Организациски турнирот помина во најдобар ред. Фер плејот и респектот помеѓу натпреварувачите беше на високо ниво. Турнирот во живо се пренесуваше на “Урбан ФМ 90.3” каде што екипата од радиото во неколку наврати направи интервју со Преседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица, главниот судија од Хрватска, црниот појас во БЏЏ, Бојан Мирковиќ и уште неколку натпреварувачи. Ова беше уникатно и се надева дека во иднина ќе имаме уште поголема соработка со “Урбан ФМ 90.3”.
Нашите македонски клубови од Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп и Битола кои се дел од “ROOTS BJJ” предводени од Основачот на “The Strongest & ROOTS BJJ” и Председател на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица уште еднаш се покажа како квалитет на високо ниво.