На престижниот настан “Munich Hall of Honor 2015” кој изминатава сабота се одржа во Минхен, Германија, на основачот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” клубовите,
Алексовски Ивица
и еден од предводниците на кик-боксот и џит кун до-то во Македонија,
Зоран Петковски
им беа доделени награди за своите достигнувања во светот на боречките вештини.
Управниот Одбор на настанот е сочинет од светски признати мајстори од повеќе боречки вештини и холивудски актери како што се Синтија Родрок – легенда од филмската индустрија за боречки вештини и носител на повеќе високи признинија и достигнувања во боречките вештини и спортови, Самуел Квок – Винг Чунг Гранд Мајстор, Силвио Симак, Ема Елмс и уште десетина светски Гранд Мајстори од повеќе боречки вештини и системи.
На Алексовски му беше доделена награда за “Интернационален Инструктор на годината” за постигнатите успеси како човек кој е посветен на развојот на боречките вештини во нашата држава. Алексовски како Председател на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица изминатава сезона заедно со своите натпреварувачи и “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” клубовите кои ги има во Скопје, Прилеп, Куманово, Охрид и Битола освои над 80 медали и со тимот беа прогласени за “Најдобар Тим” на повеќе турнири во бџџ.
Тој секоја година одржува повеќе семинари за развој на боречките вештини низ државата во и надвор од неа. Изминатава година одржа семинари во своите клубови, основни училишта, средни училишта, но одржа семинари и во “Специјаната Единица за Брзо распоредување на Полицијата”, Специјалната Единица “Тигар”, Специјалната Единица на Армијата на РМ “Волци” итн…Можете повеќе да прочитате за Алексовски на следниот линк… https://bjj.mk/instructor-2/.
На Петковски му беше доделена награда за “Повеќе од 30-годишна посветеност во боречките вештини”. Тој беше еден од предводниците на формирање и развој на првата македонска Кик Бокс – Кунг Фу Федерација на Р. Македонија. Самиот е еден од најуспешните кикбоксери на Македонија, носител на сребрен медал од Европското Кикбоксинг Првенство 1996 г. во Белград во Лоу Кик, шест години македонски шампион без пораз, шампион на Југославија 1989 г. и сребрен медал од Балканското Фул Контакт првенство 1993 г.
Тренер на повеќе македонски кик бокс шампиони кои потоа беа и светски шампиони. Тој е WKA Кикбоксинг мајстор 5-ти дан и Џит Кун До Кунг Фу мајстор 3-ти тоан. Исто така денес е официјален меѓународен WKA судија и стручен соработник на Факултетот за физичка култура за Кикбоксинг спортот. Во својот живот беше неколку години и лично обезбедување на македонската пеачка легенда Тоше Проески…
Овие награди се повеќе од заслужени, како за Алексовски, уште повеќе за Петковски, и се од особено значење за развојот на боречките вештини во нашата држава. Тие се наши Амбасадори кои квалитетно ја представуваат нашата држава во светската елита сочинета од признати мајстори од повеќе боречки вештини.