Промоција на повисоки појаси во БЏЏ на семинарот во Охрид

389

Заврши уште еден успешен семинар за Бразилска Џиу Џица & ММА предводен од Проф. Роберт Наумоски кој изминатиот викенд се одржа во Охрид. Семинарот беше поделен во два дена и тоа првиот ден се работеа техники од БЏЏ со кимоно, а вториот ден се работеа техники од ММА и Граплинг.

На овој семинар покрај нашите членови од “The Strongest & ROOTS BJJ” од Скопје, Охрид, Прилеп, Куманово, имаше и учесници од Шведска, Швајцарија и Германија.

Проф. Наумоски на двата семинари се фокусираше на борбата во стоечка позиција и доразработување на техниките кои беа досега прикажани на изминатите семинари и тренинзи во клубовите во Македонија.

На вториот ден од семинарот, во првиот дел Проф. Наумоски прикажа интересни техники од стоечка позиција и како да нападнеме од гард, а во вториот дел гостинот од Швајцарија Игор Димовски прикажа неколку техники од 50/50 со завршници (зафати на нога).

На официјалниот дел од семинарот во саботата навечер Проф. Наумоски додели повисоки појаси во БЏЏ на неколку членови од “ROOTS BJJ Macedonia”.

3.1 20150808_221659

На Председателот на Македонската Федерација за БЏЏ и Основач на “The Strongest & ROOTS BJJ Macedonia”, Алексовски Ивица му додели кафен појас и моментално е највисок појас во БЏЏ кој живее на територијата на нашата држава.

Виолетов појас доби Мики Смиљковиќ, член на “ROOTS BJJ” од Скопје, а плави појаси добија и :

Сандра Јанкова – “ROOTS BJJ” од Скопје;

Влатко Пиров – “ROOTS BJJ” од Скопје;

Стефан Блажевски – “ROOTS BJJ” од Скопје;

Ненад Ристевски – “ROOTS BJJ” од Охрид;

Владимир Трајчевски – “ROOTS BJJ” од Охрид;

Катерина Атанасоска – “ROOTS BJJ” од Прилеп.

Истотака носителите на виолетови појаси се здобија со ленти на појасите и тоа:

– Мухамед Џевахир – втора лента виолетов појас;

– Александар Заткоски – прва лента виолетов појас;

По доделувањето на појасите, Алексовски заедно со повеќето членови ги “верификуваа” своите појаси во студено ноќно капење во Охридското Езеро!!!

Севкупното дружење помина во најдобар ред, се научија нови техники, се додадоа одредени детали на постоечките техники, сега имаме повеќе повисоки појаси во БЏЏ.