Ако им кажете на луѓето дека тренирате џиу-џицу или било која друга боречка вештина, секогаш добивате различни реакции. Повеќето луѓе кои не тренираат боречки вештини или немаат искуство со тоа, може тоа го сметаат за насилство, или едноставно не разбираат зошто би платиле пари за да се борите против луѓе за забава, но тоа не би можело да биде поискрено. Има нешто што привлекува толку многу луѓе со најразлични позадини од боречките вештини, а можеби е и најголемата придобивка што боречките вештини се практикуваат секој дневно.
Ако му кажете на некого дека можете да најдете мир во насилството, тие не би разбрале. Само луѓето кои пробале, или знаат некој што се сменил како личност на позитивен начин заради тоа, се единствените што навистина ги разбираат придобивките што ги доживуваме од тренирање „насилен“ спорт. Најдоброто време за тренирање е кога минувате низ тешки времиња, бидејќи веројатно повеќето од вас го искусиле тоа. Многу е потешко да се мотивирате да одите на тренинг во тие тешки моменти во животот, без оглед каква е ситуацијата, но многу е веројатно дека ќе ги добиете најдобрите придобивки од вашиот тренинг, ако можете да се убедите да отидете на истиот!
Сите ние постојано имаме мисли и грижи за животот што можат да нè испратат во надолна „линија“, но тренингот е единствената работа што може да ни го тргне умот од тоа. Ако имате лош ден, недела, месец или година – ТРЕНИРАЈТЕ . Ова не е време да правите пауза од тренингот само затоа што ви се случуваат некои работи. Тренингот е една од ретките работи што може целосно да ве отргне од овие негативни мисли и да ве внесат во сегашниот момент. Според мое мислење, ова е причината зошто голем број поединци премногу тренираат. Да се биде на татамите е единственото место каде тие можат вистински да се релаксираат ментално и физички и да бидат и живеат во сегашниот момент.
Придобивките се многу повеќе од тоа да сте на татамите. Всушност, ве учи да бидете помирен и посмирен човек, особено во повеќе стресни ситуации. Се сеќавате ли како реагиравте на стресни или негативни ситуации пред да започнете да тренирате Џиу Џицу? Како ви е кога секојдневно го правите тоа? Тоа е различно како ден и ноќ за некои луѓе. Како резултат на тоа вашиот ум е на помирно место, исто таков ќе биде и начинот на кој ќе постапувате.
Дали некогаш сте се запрашале зошто џиу-џицу и боречките вештини имаат толку разновидна популација на луѓе што го тренираат тоа? Ова е причината зошто! Сите минуваме низ борби во животот и ова е местото каде можеме да бидеме во мир. Ако немате добара подршка дома или во животот, вашите колеги од клубот секогаш ќе бидат тука за вас без разлика на што, ова важи за победи и загуби општо во животот и на татамите. Вашите колеги стануваат ваше семејство толку брзо колку што сте отворени за тоа. Запомнете дека следниот пат кога ќе поминувате низ тешки времиња, ВРЕМЕ Е ЗА ТРЕНИНГ!