Зошто во БЏЏ униформата за тренинг се нарекува “Gi” а не кимоно ?

411

Во Бразилската Џиу Џица, униформа (горен дел и панталони) е честопати наречена „gi“, иако поголемиот дел од земјите што зборуваат португалски сеуште ја нарекуваат кимоно. Во многу други традиционални боречки вештини, основната униформа почесто се нарекува „костим“, особено во земјите што зборуваат англиски.

Иако зборот кимоно не е погрешен, кимоно се смета за традиционална јапонска облека. Зборот „kimono“ буквално значи „нешто што треба да се носи“ (ki „носење“ и mono „нешто“). Ова обично се поврзува со традиционалните разнобојни облеки (најчесто, но не исклучиво) што ги носат жени и деца во Јапонија.

Зборот „Ги“ потекнува од „keikogi“ што значи опрема за тренинг. “Keiko” означува „вежба“ на јапонски јазик, додека gi значи „фустан“ или „облека“ (слично на „ки“ во кимоно). Ова е “Budo” термин во кој зборот „кеико“ може да се замени и со зборот „do“ што значи насока, начин или пат. “Dogi” е многу често употребуван збор во Јапонија, што се користи за да се објасни облеката за тренинг.

„Keiko“ и „do“ исто така може да бидат заменети но во зависност за кој спорт/вештина станува збор. Што значи дека доколку тренирате Бразилска Џиу Џица, би можеле да да кажете дека користите “Gi” за БЏЏ.

Униформата традиционално била поделена на 4 дела:

Uwagui: Горен дел
Shitabaki: Панталони
Obi: Појас
Zori: Папучи

Иако папучите не се дел од опремата, во повеќето сале е задолжително да се носат папучи надвор од татамите, ова е нешто вообичаено на тренинг уште од раните денови на воените вештини во Јапонија.