ДВЕ ГОЛЕМИ ПОБЕДИ ЗА ММА ТИМОТ НА Д СТРОНГЕСТ

630

Изминатиот викенд ММА тимот на Д Стронгест Скопје беше дел од најпрестижниот ММА турнир во регионот. СБЦ 26 (Serbian Battle Championship).

 

На овој ММА спектакл настапија Стефан Пецевски и Хидајет Мамадов.

Најдобриот ММА борец во Македонија Стефан Пецевски се соочи со србинот Рифат Прушевиќ. Тие прикажаа одлична храброст. Неполни две рунди војуваа и на публиката и прикажаа што всушност значи ММА. Видовме борба на нозе, борба во клинч, борба во партер. Двајцата настапија во најдобро светло. Како победник во овој двобој од кафезот излезе нашиот Стефан Пецевски, по завршување на борба во втората рунда со гушење (rear naked choke). Стефан е моментално непоразен со 4 победи и 1 нерешен двобој.

Азербеџанецот Хидајет Мамадов во своето професионално ММА деби успеа да оствари победа во првата рунда со зафат на рака (armbar).

Овие два храбри борци го отворија патот на младите талентирани борци од Македонија да можат да настапат во иднина на големата сцена како што е престижниот ММА турнир СБЦ.