Наназад во времето…Станува збор за ММА организацијата Rio Heroes во Бразил, која е основана од страна на Јорге Pereira, кој воедно е поранешен ММА борец и носител на корален појас во бразилска џиу џица. Переира е дел од големото БЏЏ семејство “ROOTS BJJ” кој своето знаење научено од еден од најдобрите БЏЏ фајтери и тренери на планетава Риксон Грејси го пренесува на Проф. Пауло Гуимараеш. Линија на пренесување на БЏЏ во Македонија…Хелио Грејси – Риксон Грејси – Жорж Переира – Пауло Гуимараеш – Роберт Наумоски – Ивица Алексовски.
Интересно за оваа организација е тоа што борбите не беа временски ограничени, немаа рунди, не се користеа ракавици, па дури и немаа ограничувања по пол.
Очигледно е дека девојката има добро познавање од граплингот, така што успешно ја држеше борбата под своја контрола.
Во тек се припреми овие историски настани да се пренесат на тв екраните (сериски филм).
Сите заинтересирани кои сакаат да тренираат граплинг, бразилска џиу џица, ММА, таи бокс може да се информираат во Центарот за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” на 070 24 22 88.