Успех за борците од “ROOTS BJJ” – Скопје на меѓународниот турнир “Охрид БЏЏ Опен 2017”

505

Викендов во Охрид се одржа турнир во Бразлиска Џиу Џица каде учествуваа натпреварувачи од Република Македонија, Црна Гора и Албанија. За одличната организација и атмосвера заслужен е клубот за Бразилска Џиу Џица од Охрид  “ROOTS BJJ-Охрид” кој е организатор за прв пат на ваков настан со надеж дека турнирот ќе стане традиција.

Клубот кој е под водство на претседателот на Федерацијата на Република Македонија за Бразлиска Џиу Џица, Ивица Алексовски на турнирот настапи со 19 натпреварувачи кои осовија 6 златни медали, 6 сребрени и 7 бронзени медали. “ROOTS BJJ- Скопје” е најуспешен тим на турнирот, втрото место му припадна на домакинот “ROOTS BJJ- Охрид” и третото место за најуаспешен клуб му припадна на клубот “Карлос Маја”.

Најатрактивни беа борбите на напредните виолетови појаси во апсолутната категорија каде победник е Стефан Пецевски од “ROOTS BJJ- Скопје”  кој е најуспешен и најтрофеен борец во БЏЏ и ММА. Апсолутната категорија кај жените ја освои Надежда Василевска од  “ROOTS BJJ- Скопје”.

Детските категории ги освоија Данела Алексовска, Ива Илиевска, Филип Митревски кои покажаа одлични борби како и останатите борци во детската и во возрасната категорија.

Погледнете дел од моментите, борбите и победите на турнирот!