Луѓето што практикуваат БЏЏ често имаат фрустрации. Тие се загрижени и имаат чувство дека не напредуваат. Поради таа несигурност често се случува да ги губат спаринзите во текот на тренингот со зафат. Повеќето од овие луѓе вежбаат 6 месеци до 2 години и не би требало да се осудуваат базирајќи се на нивната техника бидејќи сеуште ја немаат доволно совладано оваа боречка вештина.
Фрустрациите можат да се појават поради повеќе работи:
-нивната техника не е ефективна за време на спаринзите (сеуште неизвежбан тајминг)
-мислат дека им недостасуваат физички атрибути како сила,брзина,издржливост,флексибилност. (Техниката е твојата најсилна страна, но тешко се гради).
-приметуваат дека другите напредуваат побрзо (некои луѓе поради малите обврски, денот им е дизајниран за тренинг 24/7).
-ретко се натпреваруваш, додека другите се подготвуваат и се борат во текот на целата година
Сето ова можеби звучи фрустрирачки и луѓето мислат дека тешко можат да влијаат да претходните точки. Но кога ќе дојде време за тренинг, би требало да се искористи максимално за технички вежби, многу репетиции и спаринг. Доколку минутите на тренингот се трошат на разговор, паузи и сликање, имаме негативен ефект и тежок напредок.
Доколку нешто не ти успева на тренинг, не значи дека нема да ти успее на натпревар
Понекогаш натпреварувачите приметуваат дека нивните најизвежбани техники повеќе не успеваат на нивните тренинг партнери, но сепак на турнирите победуваат со истите. Ова се случува поради две причини:
– твоите тренинг партнери напредуваат како тебе, а можеби и побрзо. Можеби другите луѓе поминуваат многу повеќе време на татамите од тебе, а тоа прави голема разлика.
– твоите тренинг партнери поради секојдневните меѓусебни тренинзи ја знаат твојата стратегија и стил на борба, па со текот на времето лесно почнуваат да ја контрираат. Но ова не е случај за време на натпреварите. Твоите противници не знаат многу за тебе и твојата техника и моментот на изненадување е голем, па затоа и полесно можеш да ги примениш твоите техники против нив. Истото важи и за тебе. Често можеш да бидеш изненаден со зафат или соборување кои не си ги сретнал до тој момент, но тоа ќе те натера да тренираш понапорно и да ја гледаш борбата од повеќе агли. Затоа со учествувањето на што повеќе турнири твојот напредок расте.
“Културен” натпревар и помеѓу вежбачите во клубот е одлично нешто, но поради преголемо натпреварување и ривалство помеѓу вас за време на тренингот може да ти се појави желба да посакаш твојот тимски колега да стагнира и да уназадува. Оваа мисла е несвесна. Овој тип на околина станува токсичен и води до озборување во соблекувална за тоа “кој кого тапнал”. Доколку сакаш напредок, надевај да твоите тренинг партнери често те завршуваат со зафат, воочи ја грешката и труди се да не ја повторуваш истата.
“Не е важно кој бил добар, туку кој останал”
Волјата и континуитетот го победуваат и најголемиот талент. Најдобрите и најпаметните луѓе во светот ќе паднат доколку немаат посветеност, волја и напорна работа.
Труди се да го менуваш стилот на борба во текот на тренингот
Доколку секогаш повлекуваш гард, пробај да го собориш противникот. Доколку преферираш да бидеш во горна позиција, пробај да се бориш од гард. Доколку секогаш напаѓаш со лостови на рака, пробај со гушења. Вака ќе напредуваш на повеќе полиња, твоите тренинг партнери тешко ќе го научат твојот стил на борба, и ќе им помогнеш да работат на нивната одбрана.
Ти не назадуваш. Ти напредуваш. Твоите партнери напредуваат. Тие ти задаваат тешки задачи кои треба да ги решиш за да станеш подобар. Твојот вчерашен успех е денешен пораз. Не се споредувај со другите, и фокусирај се на тренингот. Вештината е бесконечна како и твоите способности. Ќе се измориш поради негативното его и константното разочарување од твоите споредби со другите.
Колку посилен тренинг толку поголема борба. Колку поголема борба, толку е победата поголема. Научи да се предизвикуваш себе си, излези од комфорната зона бидејќи никој не станал добар морнар на мирно море!