“BJJ East European BJJ Open 2015” – тимот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” со 8 натпреварувачи освоени 10 медали

342

На силниот турнир “BJJ East European BJJ Open 2015” кој што вчера се одржа во Загреб, Хрватска нашиот тим од “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” составен од 8 натпреварувачи освои 10 медали

20150215_194720

Овој успех е за почит бидејќи 4 натпреварувачи за прв пат се натпреваруваа на официјален турнир. Сандра Јанкова освои два сребрени медали, еден во категорија и еден во апсолутна категорија со далеку потежок и поискусен  противник (во апсолутна категорија се бореше со освојувачот на бронезниот медал од Европскиот Шампионат 2015 година). Иван Милошев по две победи, во полуфиналето иако водеше на поени и веќе ја имаше победата на дофат, на крајот направи грешка и ја загуби борбата на зафат (арм бар). Огнен Кузмановски кој истотака настапи прв пат освои бронзен медал.

Во категорија на плави појаси се бореа Стефан Пецевски и Никола Костадиновски. Тие за прв пат се бореа во оваа категорија (до пред 2 месеци се бореа во категорија на бели појаси). Стефан Пецевски изгуби во финалето во категоријата, а во апсолутната категорија по неколку победи во финаланта борба имаше грч на ножниот мускул па мораше да ја прекине борбата) и на крајот мораше да се задоволи со две сребрени медали. Никола во финалето изгуби и освои сребрен медал.

Александар Заткоски истотака се бореше за прв пат во силната категорија на виолетови појаси. Оваа категорија е исклучително квалитетна бидејќи се натпреварувачи со поголемо искуство. Заткоски во финалната борба се бореше против потежок и многу поискусен противник (бидејќи немаше противници во неговата килажа мораше да се приклучи кон потешката категорија). Борбата ја загуби со 2:0 бидејќи судијата му додели техничка казна со што неговиот противник доби 2 поени и со тоа ја доби и победата.

20150215_100831 pobeda zagreb 2015

Алексовски Ивица истотака се бореше во категоријата на виолетови појаси. Со повреда на ногата Алексовски сепак се одлучи дека може да се бори на овој силен турнир. Во полуфиналната борба извојува победа и се пласираше во финалето, но финалната борба беше многу брзо (после само 10 минути пауза) и борбата ја загуби на поени, па мораше да се задоволи со сребрен медал.

Во екипниот пласман нашиот тим беше на солдиното 6 место:

EAST EUROPEAN BJJ OPEN CHAMPIONSHIP 2015 RESULTS:
TEAM RESULTS
1. MIRKOVIĆ UNION BJJ 104 PTS
2. ROGER GRACIE VIENNA – 93 PTS
3. CHECKMAT NEVES HRVATSKA 70 PTS
4. BJJ ARENA SARAJEVO 33 PTS
5. RIO GRAPPLING CLUB EU 32 PTS
6. GRACIE BARRA HUNGARY 26 PTS
TEAM ROOTS MACEDONIA 26 PTS
MATA LEAO FORCE A MONTENEGRO 26 PTS
ALLIANCE BLACK DRAGON SPLIT 26 PTS
7. BURNING ITALY 22 PTS
8. CARLOS MAIA SLOVENIA 19 PTS
9. JUNGLE BJJ – 18 PTS
10. BORA NERA ITALY 15 PTS
11. ŽERJAL – KIMURA BJJ 13 PTS
CARLOS MAIA AUSTRIA 13 PTS
12. BUSHIDO SARAJEVO 12 PTS
MILL HILL ŠIBENIK 12 PTS
13. OLDSCHOOL BJJ 10 PTS
14. MS JIU JITSU 9 PTS
GRACIE BARRA BELGRADE 9 PTS
FIGHT FACTORY VG 9 PTS
15. ACVILA BJJ 6 PTS
16. JK KVARNER 4 PTS
17. RIO GRAPPLING CLUB BiH 3 PTS
BJJ SLOVAKIA 3 PTS
18. GRACIE BARRA HRVATSKA 2 PTS
19. JJK VARAŽDIN 1 PT

Се на се оваа екипа ветува поголеми успеси на предстојните турнири и се надеваме дека и понатака ќе продолжиме со “производство” на нови шампиони кои ќе доследно ќе ја представуваат нашата држава на светски турнири.