ВТОР НАЈДОБАР ТИМ и освоени 20 медали на “БЏЏ Ниш Опен 2015” за борците од “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”

368

Вчера во Ниш на големиот меѓународен турнир во бразилска џиу џица, нашите представници составени од борци од БЏЏ клубовите кои се дел од Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица освоиа 20 медали и беа ВТОР НАЈДОБАР ТИМ на ТУРНИРОТ (само неколку поени после првопласираниот тим кој беше со двојно повеќе свои представници). На турнирот имаше над 200 борци од многу клубови од Европа кои дојдоа со своите најквалитетни представници.

Тимот предводен од Председателот на Федерацијата за БЏЏ, Алексовски Ивица уште една покажа дека е пример за квалитет и тоа како на техничко ниво, така и на кондиционо ниво.

Учествуваа борци од нашите најквалитетни БЏЏ клубови кои се представници за одредени градови во нашата држава:

– “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” – главен клуб во Скопје (Кисела Вода) – под водство на Ивица Алексовски;

– “РУТС Карпош” – под водство на Гоце Тодоровски;

– “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Охрид” – под водство на Благоја Трајчевски и Дејан Чолевски;

– “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Прилеп” – Катерина Атанасоска и Пеце Ангелески;

– “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Битола” – под водство на Сашко Мирчевски.

Освоивме повеќе медали и тоа:

4 златни медали (сите медали беа во категорија на бели појаси):

–  Мартина Петревска во апсолутна категорија освои и една од главните награди – кимоно “Татами”;

Дијана Божиновска – категорија;

Катерина Николовска – категорија и

Огнен Кузмановски – категорија

8 сребрени медали:

а) виолетови појаси

Александар Јакимовски – категорија;

б) плави појаси

Стефан Пецевски – 2 медали – апсолутна и во категорија;

Никола Костадиновски – во категорија;

в) бели појаси

Иван Милошев – категорија;

Александра Јанкова – категорија;

Ненад Ристевски – категорија;

Диајана Божиновска – апсолутна.

8 бронзени медали:

а) виолетови појаси

Александар Јакимовски – апсолутна;

б) бели појаси

Мартина Петревска – категорија;

Владимир Трајчевски – категорија;

Катерина Николовска – категорија;

Илија Спасевски – категорија;

Митко Белески – категорија;

Братислав Зарески – категорија;

Катерина Атанасоска – категорија.

Десетина борци ја имаа својата прва борба воопшто на некаков бџџ турнир. За прв пат настапија борци од клубот од Битола.

Им честитаме на нашите храбри македонски представници кои и овој пат ја представија нашата држава на највисоко ниво и докажаа дека имаме една од најквалитетните школи за бразилска џиу џица која секојдневно се подобрува.