Зошто најмалите да тренираат боречка вештина?
Дали ќе им биде од корист или ќе ги направи поагресивни?
Што е бразилска Џиу Џица?
Бразилската Џиу Џица е боречка вештина и одбранбен систем кој во поголемиот дел се фокусира на борба на земја. Џит кун До е систем составен од повеќе боречки вештини.
Што учиме на тренинзите по БЏЏ?
– движења на под;
– фрлања и чистења;
– контрола во гард;
– поминување на гард;
– контрола од странична позиција;
– контрола од маунт позиција;
– ослободување гард, страницна позиција, маунт и зафат од позади на под;
– техники на гушење;
– техники на напад – триаголник, кимура, лост на рака, лост на колено, лост на стапало, зафат за гушење на врат итн….;
– техники на одбрана – ослободување од зафат при триаголник, кимура, лост на рака, колено, стопало, ослободување од маунт позиција, странична позиција, зафат од позади итн….;
– борба во станата позиција;
– борба на под;
– динамички мулти комплексни вежби за подобрување на техниките, за зголемување на аеробната и анаеробната способност, подобрување на структурната поставеност при зафат итн.
Зошто BJJ за деца ?
– ја зголемува самоконтролата, истрајноста, упорноста и издржливоста
– позитивно влијание на физичкото и менталното здравје, воедно се намалува и нивото на стрес и се подобрува расположението
– губење телесна тежина
– правилно дишење, правилен раст и развој
– се изучуваат движења, полуги, зафати и фрлања. Нема удари со рака и нога
– изучување на принципите на самоодбрана
Каде да вежбаме???
“Д СТРОНГЕСТ & РООТС БЏЏ Македонија” е првиот клуб за бразилска џиу џица во Република Македонија. Основач на “Д СТРОНГЕСТ & РООТС БЏЏ Македонија” е Алексовски Ивица, носител на највисокиот појас кој живее во Македонија – кафен појас во БЏЏ. Алексовски кој воедно е иницијатор за оформување, а денес и Председател на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица. Алексовски заедно со својот тим во изминативе 3-4 години освои многу турнири кои беа организирани на Балканот и докажа дека нашата Македонија има талентирани борци во оваа вештина.
РООТС БЏЏ на светско ниво е формирана од Професор Пауло Гуимараеш (првиот носител на црн појас во Австралија) и е еден од најквалитетните тимови во официјалните натпреварувања на целата територија на Австралија.Официјално под РООТС БЏЏ, клубот е отворен на 12.12.2010 година од страна на првиот македонец носител на црн појас во светот, Проф. Роберт Наумоски,
Клубот тренира во салата на Центарот за боречки вештинини “Д Стронгест” која се наоѓа на ул.”Емил Зола” бр. 10а во населбата Кисела Вода, Скопје.
Термини:
– понделник и среда од 17.30 – 18.30 часот и
– петок 18.00 – 19.00 часот.
Повеќе инфомации можете да добиете на телефон 070 24 22 88 или на меил ivica.jkdmk@gmail.com