10 медали за нашите БЏЏ репрезентативци

522

Нашата репрезентација во Бразилска Џиу Џица составена од членовите од нашите “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” клубови од Скопје и Куманово, оваа сабота се натпреваруваа на силниот меѓународен турнир “SOFIA BJJ OPEN 2018”, Софија, Бугарија каде што освоиа 10 медали.

Со вкупно 14 натпреварувачи, нашата Федерација се представи на високо ниво и освои 10 медали, од кои 3 златни, 4 сребрени медали и 3 бронзени медали.

 

 

Златни медали:

  1. Даниела Алексовска
  2. Никола Петрушевски
  3. Марко Петровски

 

Сребрени медали:

  1. Надежда Василевска
  2. Вања Милевски
  3. Марко Ангелов
  4. Стефан Пецевски

 

Бронзени медали:

  1. Александар Колевски
  2. Марко Панчевски
  3. Ива Богдановска

 

Нашите две репрезентативки Даниела Алексовска (12 години) и Ива Богдановска (10 години) се бореа во група со момчиња и двете забележаа голем успех. Ива победи две борби со зафат, а во финалната борба загуби и го освои бронзениот медал. Даниела ја доби полуфиналната борба за 15 секунди со зафат, а во финалето беше поуспешна од момче кое освои златен медал во друга категорија и со зафат дојде до златниот медал.

Успешен настап имаше и Никола Петрушевски кои со неколку победи ситгна до златниот медал.

Сите натпреварувачи имаа групи со повеќе натпреварувачи (на пример кај најмалите имаше и по 18 натпреварувачи во една група), имаа повеќе победи, но за жал некој не се закити со уште по некој медал.

Полуфиналната борба на Алексовска…https://www.facebook.com/ivica.aleksovski.thestrongest/posts/10214941728130823?comment_id=10214944835608508&notif_id=1528016642313626&notif_t=feed_comment

Финалната борба на Алексовска … https://www.facebook.com/ivica.aleksovski.thestrongest/posts/10214945100335126?notif_id=1528020112976389&notif_t=feedback_reaction_generic