Рашгарди : Зошто ги користиме во БЏЏ и која е разликата помеѓу рашгард и компресивна маица

407

Рашгардот е главна опрема во но-ги борбите, односно во граплингот, но често се збори и за неговата употреба да се носи под кимоно. Некои луѓе се чувствуваат помалку ограничено без рашгард и апсолутно одбиваат да носат рашгард додека се борат. Ние не мислиме дека носењето на раш гард те ограничува во движењата.

Има неколку причини поради кои препорачуваме да се носи рашгард под кимоното.

-Компресијата на мускулите може да спречи повреда. Има повеќе истражувања за тоа како рашгардот после борење го забрзува процесот на регенерација кај мускулите, поради компресија на истите. Исто како што компресивните алки помагаат да се намалат повредите во колената и зглобовите, рашгардите исто така можат да ја намалат појавата на малите повреди.

-Намалено проширување на бактерии. Со кимоно, често се отвара кимоното за да се дестабилизира противникот, да се намести гушење и слични работи. Во интензивна борба кимоното природно ќе се отвори самото, ги изложува градите на противникот. Со тоа се открива повеќе од 40% површина на кожата и ја зголемува размената на бактерии експоненцијално.

-Спречува изгореници од татамите. Ова една од главните причини за носење рашгард. Кога се борите но-ги, кожата има директен контакт со подлогата односно татамите и доаѓа до лузни од триење. Носењето рашгард некои од лузните ќе ги пренасочи на рашгардот или да ги пренасочи заедно бидејќи неговата подлога е по мазна од кожата.

Разлика помеѓу рашгард и компресивна маица?

Рашгардите и комрепсивните маици не се воопшто исти.

Всушност, не се сите рашгарди исто така направени исти. Типични компресивни маици се направени од 4 панели и не се дизајнирани за постојан контакт. Како резултат, движењата се ограничени, и голема е веројатноста маицата да се собере над стомакот при борење. Квалитетните рашгарди се напревени од минимум 6 панели. Шевовите се многу издржливи и се направени да неможат да се тегнат ракавите и да се истегнуваат.

Сега Вие сте на ред, да продолжите по старо или да си набавите и да имате корист од носењето на раш гард.

Наша препорака за да си набавите квалитетен раш рард е најдобро снабдениот шоп за суплементи и опрема за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ ШОП” кој воедно е главен увозник за светски познатиот бренд “VENUM”.