Најголем успех на Македонската репрезентација за бразилска џиу џица

324

На престижниот меѓународен турнир во бразилска џиу џица”Abu Dhabi Pro Rome 2018”, Македонската репрезентација предводена од Претсетателот , Ивица Алексовски  заедно со своите избраници освои 18 медали:

– 5 златни

– 10 сребрени и 

– 3 бронзени медали).

Од повеќе од 30 држави, нашите беа на престижното 4 место, а како тим “РУТС БЏЏ” од 61 тим, беа ВТОР НАЈДОБАР ТИМ.

Кај најмладите нашиот државен првак Даниела Алексовска повторно се бореше рамо до рамо со момчињата и повторно успеа да ги победи и да го освои златниот медал. Најмалиот наш представник Марко Панчевски истотака освои златен медал.

Во категорија на Мастери, нашиот тим го представи Претседателот на Федерацијата Ивица Алексовски кој победи со зафат во полуфиналето, но во финалето загуби на поени и мораше да се задоволи со сребрен медал. Тој освои уште еден среберен медал во борби без кимоно. Во оваа Мастер категорија настапи и  Дејан Чолески кој истотака освои сребрен медал.

Кај девојките со златен медал се закити Надежда Василевска.

Златни медали освоиа и Михаил Поповиќ и Никола Петрушевски.

Ова до сега представува најголем успех на Македонскиот БЏЏ Тим кој досега беше респектиран од тимовите на Балканот, но сега почна да се наметува и на Европско, а се надеваме и на Светско ниво.

https://events.uaejjf.org/en/event/144/results