Пријавувањето на твојот прв турнир може да биде стресно за тебе, особено ако не си се натпреварувал во други спортови претходно.
Натпреварите се добар начин да ја тестираш твојата техника. Тоа се моменти каде твоето тело треба да одговори на најтешките физички и психички барања. Штом ќе се поздравиш со противникот, од тебе зависи колку време си посветил на технички тренинг, кондициона припрема, и ментална подготовка.
Пред да се натпреваруваш
Кога веќе одлучи да учествуваш на турнир, обрати внимание на следните точки:
– мора да вложиш екстра часови на тренинг (тренинг најмалку 2 пати дневно)
– мора да поседуваш соодветно познавање на техниката
– мора да бидеш физички подготвен (сила,издржливост,експлозивност,држење на телото…)
– доколку има потреба, мораш да ја намалиш тежината
– мора да обратиш внимание на правилна исхрана
– мора да имаш правилен одмор
– ќе бидеш тестиран физички и ментално во реални услови на борба (во зависност од бројот на натпреварувачи, може да имаш 3 до 12 борби)
Кога ги планираш припремите, имај на ум дека противникот тренира напорно колку тебе, ако не и повеќе. Користи го ова како мотивација и вложи повеќе труд во твојте регуларни тренинзи. Колку повеќе си подготвен, толку повеќе самодоверба ќе имаш во текот на борбата. Колку повеќе часови ќе вложиш во тренингот, толку подобар ќе биде исходот на денот на натпреварот.
Прашaj го твојот тренер
Твојот тренер е првиот човек со кој треба да разговараш околу твојата одлука за борба. Тој е единствената личност која може да ти каже дали си подготвен за твојот прв турнир. Исто така тренерот е тој кој ќе ти помогне да ја разработиш твојата стратегија за борба, бидејќи тој ги знае твојте слабости.
Дали имаш време?
Одлучувањето за натпревар бара многу напор и посветеност. Како што рековме, мора да вложиш екстра време на тренинг надвор од твојот регуларен тренинг. Запамети, тренираш за борба против некој кој е на твое ниво или повисоко. Треба да бидеш подготвен за сите можни ситуации кои можат да бидат дел од борбата.
Тренинг распоред
Повеќето професионални натпреварувачи тренираат два пати на ден, 6 пати во неделата. Овие денови вклучуваат тренинзи за кондиција и сила, спаринзи, повторување и усовршување на техниката. Доколку планираш да се натпреваруваш, би требало да имаш околу 6 недели интензивен тренинг кој го споменавме претходно. Ти треба доволно време за да се подготвиш за борба, како и време за кратење килажа (доколку е потребно).
Која е твојата “игра” ?
Твојата игра претставува палета од техники кој си ги пробал и применил во реален спаринг, техники кој ти гарантираат зафат или доминација во текот на борбата. Кога се натпреваруваш, ти треба план за борба, а твојата игра е дефинитивно дел од тоа. Консултирај се со својот тренер и прашај го дали твојот план е соодветен за тој турнир (различни турнири имаат разлчни правила, и во зависност од возраста некои техники на зафат се забранети).
Правилна исхрана
Доколку си активен натпреварувач правилната исхрана е неминовна. Поради секојдневните напорни тренинзи, телото бара правилен внес на макро (јаглени хидрати, протеини и масти) и микронутриенти (витамини и минерали) и вода. Само со правилна исхрана можеш да го даден својот максимум во текот на тренингот и побрзо да се регенерираш после истиот. Доколку не се храниш здраво, твојот имунитет ќе биде послаб. Тешките тренинзи претставуваат стрес за телото и дополнително го намалуваат имунитетот. Слаб имунитет води до разни заболувања, а тоа води до отсуство од тренинг за време на твојте припреми. Исто така правилната исхрана ќе ти помогне да се одржиш во својата тежинска категорија.
Во која категорија ќе се натпреваруваш?
Кога се регистрираш за натпреварот, ќе видиш дека постојат тежински категории. Категориите се претставени на табелата:
Твојот тренер би требало да ти каже дали треба да “кратиш” килажа за влез во одредена категорија. Доколку имаш време и дисциплина за кратење и регуларни тренинзи, тогаш кратењето килажа може да се земе во предвид. Биди реален кога ја одбираш твојата категорија – намалувањето тежина е една од најкомплицираните работи кога станува збор за припрема за натпревар.
Дали ги знаеш правилата?
Како натпреварувач, од тебе зависи колку ги разбираш правилата на турнирот на кој настапуваш. Правилата во БЏЏ се малку комплексни, поготово за почетници. Колку повеќе знаеш, толку полесно ќе ти биде да ги примениш правилата во своја корист. Иако главната цел е зафат, научи го системот со поени. Тоа би ти помогнало во текот на борбата доколку водиш или губиш на поени. На следниот линк се претставени интернационалните правила во БЏЏ.
http://ibjjf.com/rules/
Дали знаеш да прифатиш пораз?
Никогаш не знаеш што може да се случи на денот на натпреварот. Можеби твојот мозок ќе работи беспрекорно, можеби ќе ја заборавиш целата стратегија и се што си тренирал ќе тргне наопаку. Поразот е непријатно чувство кое ќе го искусиш. Иако не треба да размислуваш за пораз, сепак биди подготвен на тоа дека неможе се да излезе по планот, можноста за пораз постои и соочувањето со тоа е дел од самата борба.
Одлуката за натпревар е една од најдобрите начини за напредок во БЏЏ. Трунирот ќе ги покаже сите твој “дупки” во играта и ќе те присили да ги поправиш истите, така што твојте боречки способности ќе преминат на едно повисоко ниво.