Како да ја интегрираш твојата БЏЏ во ММА борба

408

Кога Royce Gracie излезе и ги доминираше најдобрите борци во светот со неговата Бразилска Џиу-Џица во почетоците на UFC, БЏЏ стана една од најзастрашувачките боречки вештини во тоа време. Но, тоа беше 1993. Денес, ММА е тотално друга игра. “Страјкерите” учат боречки фрлања, борачите учат удари и зафати и постојат нов вид на ММА борци кои вежбаат ММА како целина. За црните појаси во БЏЏ кои се специјализирани во “спортската” БЏЏ, реализираат дека многу од техниките што ги научиле со текот на годините, треба да ги отфрлат за да можат успешно да се пренасочат во ММА.

Зошто “спортското” БЏЏ тешко се користи во ММА?

10x светски шампион и можеби најдобриот БЏЏ натпреварувач на сите времиња, Roger Gracie изјави во едно интервју: “80% од мојата стратегија во БЏЏ не би работела во ММА”. Ако Roger Gracie вели така, би требало да е вистина и мала е причината да се мисли спротивно. Борбата во “спортското” БЏЏ, кое е многу зависно од користење на GI (кимоно), многу се разликува од БЏЏ кое се користи во ММА борба каде се дозволени и удари.

Како успешно да го адаптираш твоето БЏЏ за ММА борба:

1. Работи на твоите соборувања на под (takedowns)
Во БЏЏ доколку твоите соборувања се базираат на користење на кимоно, тешко ќе ги аплицираш во ММА. Потребно е соборувањата да ги вежбаш без кимоно, по можност во комбинација со удари. Доколку си тип на борец кој сака да повлекува гард во БЏЏ, големи се шансите дека тој план нема да работи во ММА. Иако постојат елитни борци како Shinya Aoki или Nick Diaz кои сакаат да повлечат гард, тоа е многу ризичен потег каде можеш да примиш неколку удари. Работи на твојте соборувања и имај солидна стратегија во стоечка положба.

2. Научи како да работиш против удари
Како што напоменавме, една од највоочливите разлики помеѓу ММА и БЏЏ, е тоа што во ММА се дозволени рачни и ножни удари, удари со лакт и колено. Затоа мораш да ја адаптираш твојата БЏЏ стратегија против тие удари. Во стоечка положба најважен елемент е менаџирањето на растојанието помеѓу тебе и противникот. Никогаш не треба да бидеш на домет на неговите удари. Труди се да го скратиш тоа растојание и да ги искористиш твоите техники на рушење. Доколку си на партер во долна позиција, труди се да користиш висок затворен гард, да го држиш противникот до себе, без да му дадеш шанса да се исправи и да стане. Така ќе бидеш безбеден од ударите на противникот и полесно ќе можеш да нанесеш зафат против него.

https://www.youtube.com/watch?v=Qj_mdx9L-K8

3. Врати се на основата
Во ММА, нема простор за “berimbolo” и други фенси техники од истата фамилија. Добар затворен гард и полу-гард се основните работи кои ти се потребни за да се справиш со противникот внатре во кафезот. Од тие две позиции, би требало да имаш солиден синџир на зафати, транзиции и превртувања со цел да дојдеш до доминантна позиција.

4. Работи на твојата игра од горе
Како што Rickson Gracie еднаш кажа: “ако си добар во БЏЏ не значи дека треба да бидеш доле”. Доколку си гледал ММА, би требало да знаеш дека за многу борци гард позиција во партер е непосакувана позиција. Дури и најискусните борци во ММА преферираат да станат горе или да го срушат противникот и да завземат горна позиција. Поради ова мораш да работиш на твојата игра од горе. Кога си горе врз противникот, имаш позициона предност и тоа ти овозможува да нанесеш сериозни удари кои би ти помогнале да нанесеш зафат врз твојот противник.

Нема сомнеж дека само БЏЏ борците имаат “трета опција” во текот на борбата, а тоа е да повлечат гард и да ја завршат борбата од таму. Но денес, БЏЏ борците комбинирајќи ја нивната вештина со удари и борење, се едни од најопасните борци во ММА спортот.

https://www.youtube.com/watch?v=CtiExYDh7Po