Rodolfo Vieira за БЏЏ: Многу е тешко да се бориш 9 до 10 пати во ист ден, за да освоиш… Престиж?

472

Rodolfo Vieira се пензионира од БЏЏ на многу рана возраст – 25. До овој момент тој имаше освоено 5 светски титули. Сега е фокусиран на ММА, така што извојува победа со зафат во својата прва ММА борба.
Изгледа Vieira не размислува повеќе за граплинг натпревари.

“Многу луѓе ќе кажат “се пензионирам”, но подоцна се враќаат. Луѓето си одат и се враќаат 5 пати во 4 години. Јас би сакал да кажам дека одстапувам. Многу е тешко да тренирам напорно и да се борам 9-10 пати во еден ден само за да освојам… Престиж? Фала му на бога што тоа веќе не ми е потребно. Мислам дека една или две титули повеќе, нема да направат разлика во мојот живот”.
Сепак на Rodolfo му недостига уште една желба – победа врз БЏЏ џинот Buchecha.

“Мислам дека единствената работа што ми недостига е победа над Buchecha ( 🙂 ).”

Двајцата се соочија повеќе пати, Vieira го заврши Buchecha со лост на рака во 2011 год. но подоцна наредните 5 дуели ги изгуби на поени.
Сепак Vieira е комплетно фокусиран на ММА и не планира да продолжи да се натпреварува во БЏЏ.

“Јас навистина го сакам БЏЏ, но кога одлучив да преминам во ММА јас не бев мотивиран за БЏЏ натпревари, а ММА за мене беше сонот што го имав од секогаш. Сега сум среќен што почнувам нешто од нула и ова е нов предизвик за мене.”

“Навистина не се пронаоѓам повеќе на БЏЏ натпревари. Но ако добијам прилика, “супер фајт” со некој тежок противник и секако ако ме платат добро, би се борел, но ако немам ММА борба во блиска иднина. И тоа борбата да биде без кимоно, бидејќи веќе тренирам без кимоно поради ММА борбите. Но повеќе нема да настапувам на IBJJF светски првенства, кои беа и единствените турнири на кои излегував”.

Сепак би било интересно да го видиме Vieira на некое IBJJF гранд при, каде после се е престижен турнир со фонд од 40.000$ кој го добива победникот. Секако тука се едни од најдобрите “тешкаши” на денешницата како Buchecha, Roger Gracie, Andre Galvao, Leandro Lo и други.