Откако со недели се расправаат околу договорот за меѓусебниот судир, Khabib Nurmagomedov и Tony Ferguson изгледа дека конечно пронајдоа заеднички јазик.
Додека непоразениот Дагестанец со своите објави покажуваше дека е спремен на сите опции само борбата да се одржи, проблемот го создаваше Ferguson. Но сепак, пред неколку дена таткото на Khabib откри дека мечот би требало да го гледаме на UFC 209, а сега и Tony навести дека тоа би можело да се случи.
Имено, “El Cucuy” се пофали со направените тестирања за USADA, а за тоа Khabib порача, “Се гледаме на 4ти март. Ќе го решиме ова еднаш за секогаш во октагонот на UFC 209”.
Да потсетиме, на оваа претстава би требало да ги гледаме и Игор Покрајац во мечот против Ed Hermen, а моменталниот потврден попис на борбите изгледа многу добро.
UFC 209
Tyron Woodley vs. Stephen Thompson
Alistair Overeemb vs. Mark Hunt
Darren Elkins vs. Mirsad Bektic
Todd Duffee vs. Mark Godbeer
Igor Pokrajac vs. Ed Herman