ВАКА СЕ БРАНАТ БОИТЕ НА НАШАТА ДРЖАВА!
Нашите представници кои ја преставуваа македонската БЏЏ школа, Македонската Федерација за БЏЏ и првиот клуб за БЏЏ во Македонија “ROOTS BJJ” вчера се вратија од меѓународниот турнир во бразилска џиу џица кој се одржа во Монтана, Бугарија со освоени 16 медали и беа ТРЕТ НАЈДОБАР ТИМ на тунирот.
Нашите најмали членови имаа 6 борби и на сите 6 борби извојуваа победи!!!
СИТЕ ОСВОИА ЗЛАТНИ МЕДАЛИ!!!
Целта на борбите помеѓу најмалите беше да се развива оваа вештина, да видат како изгледа еден турнир и беше договорено кој и да победи на двацјата натпреаварувачи да им бидат подигнати рацете за победници.
Дел од победи беа со брза завршница (Леон Митков и Даниела Алексовска вторите борби ги завршија за неколку секунди со зафат), се бореа со повисоки појаси во бџџ (Александар Колевски победи повисок појас). Даниела беше единственото девојче, па мораше во двете борби да се бори против момчиња каде што извојува две победи.
После турнирот можеме да кажеме дека имаме перспективна БЏЏ иднина!
ТИМОТ покрај 3 златни медали кај намалите освои и 3 златни медали, 6 сребрени медали и 4 бронзени медали.
Стефан Пецевски освои две медали, една златна во актегорија и една сребрена во апсолутна категорија.
Иван Милошев истотака освои две медали, една златна во категорија и една бронзена во апсолутна категорија. Интересно беше во апсолутна категорија кога Милошев го победи скоро 50 килограми потешниот противник од Бугарија.
Дарио Ивановски освои златен медал во категорија.
Сребрени медали освоиа:
- Александар Јакимовски (освои 2 медали едно сребро во категорија и апсолтуна во борба со виолетовите појаси);
- Стефан Пецевски – апсолутна (плави појаси);
- Сулејман Ибраими – категорија (бели појаси);
- Огнен Кузмановски – категорија (бели појаси);
- Илија Спасески – категорија (бели појаси)
Бронзени медали освоиа:
- Иван Милошев – апсолутна (бели појаси);
- Гораст Димишковски – категорија (бели појаси);
- Мартин Стефановски – категорија (плави појаси);
- Александар Заткоски – категорија (виолетови појаси).
Тренерот на нашите македонски представници Алексовски Ивица беше задоволен од својот тим, ТИМ кој сега е на високо ниво на спремност, на високо ниво на поврзаност на членовите, ТИМ кој е составен од членови кои имаат РЕСПЕКТ и ден денес се дел од матичниот клуб каде што почнале со бразилската џиу џица !