На 9 мај 2015 година во салата во Кисела Вода со почеток од 11.00 часот ќе се одржи ММА турнир помеѓу нашите членови од “Д Стронгест” клубовите:
– Д Стронгест ММА Тим (Кисела Вода);
– Д Стронгест ЏКД (Кисела Вода);
– Д Стронгест Аеродром;
– Д Стронгест Тафталиџе;
– “РУТС”БЏЏ клубовите кои се во салата во Кисела Вода.
Борбите ќе траат 5 минути. Секој борец мора да биде опремен со:
– заштитна кацига (без заштитна мрежа);
– штитници за гениталии;
– штитници за нозе (еластични штитници за нозе);
– мма ракавци;
– “Д Стронгест” маица и бермуди.
За надобриот борец ќе следува награда!!!
Борбите ќе ги суди еден официјален судија, а ќе има два странични – помошни судии.
Паровите ќе бидат направени пред почетокот на турнирот.
Доколку има повеќе пријавени борци, ќе се одржат повеќе борби во една категорија за да имаме победник во категорија.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е СЕКОЈ БОРЕЦ ДА НАПРАВИ ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕД на Спортска медицина и да донесе уверение!!! Без уверение нема да може да се бори на турнирот.
Поради ограниченост со просторот во салата ќе може да прусуствуваат само борците со своите тренери!!! За останатите влезот е забранет !!!