Бразилската џиу џица има цел систем на техники на борба како во стоечка позиција, така и за борба на под. Вештината е направена специфично за помал и послаб човек да се одбрани од некој поголем и посилен. Има техники за улична самоодбрана која е добра за девојките, се тренираат делови од ММА и елементи кои мора да се знаат за да се бориш во мешани боречки вештини.
БЏЏ се работи со и без кимоно, но многу е важно добро да се совлада вештината со кимоно бидејќи така ученикот има повеќе осет и развива подбра вештина.
Од аспект на човековото здравје, како и секој друг спорт, БЏЏ е одлична за телото, брзо може да се постигне намалување на килажата кај оној што практикува, телото одлично се развива, особено торзото и мускулите од трупот, а за 3 до 6 месеци човекот веќе се чувствува во одлична форма.
Оваа боречка вештина можете да ја тренирате во нашиот клуб “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” кој се наоѓа во Центарот за боречки вештини сместен во ОУ “Партенија Зографски”.
Имаме тренинзи секој ден и тоа:
– понеделник 18.30 – 19.45 часот (кимоно);
– вторник 20.45 – 22.00 часот (кимоно);
– среда 18.30 – 19.45 часот (без кимоно – граплинг);
– четврток 20.45 – 22.00 (без кимоно – граплинг);
– петок 18.30 – 19.45 часот (кимоно) и
– сабота 11.30 – 13.00 часот (отворен слободен тренинг).
Трнинзите ги води Алексовски Ивица , Председател на Македонската Федерација за БЏЏ и Основач на клубовите за боречки вештини “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, носител на кафен појас. Истотака тренинзите ги води со своите асистенти кои истотака се носители на виолетови појаси Мухамед Џевахир, Александар Јакимовски, Александар Заткоски и Бојан Диков.
Тимот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” под водство на Алексовски е еден од најуспешните клубови во регионот. Во клубот моментално тренираат најдобрите виолетови и плави појаси во нашата држава.
Повеќе информации можете да добиете на 070 24 22 88