Семинар со најдобриот БЏЏ фајтер на сите времиња, Роџер Грејси

252
Роџер Грејси & Ивица Алексовски

 

Викендов нашите представници од “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”, на чело со Председателот на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица, Алексовски Ивица имаа привилегија и можност лично да се запознаат и учат директно од најдобриот борец во бразилска џиу џица досега, Роџер Грејси.

Роџер Грејси & Ивица Алексовски
Роџер Грејси & Ивица Алексовски

 

Ако треба да учите бразилска џиу џица и мма од НАЈДОБРИТЕ, тоа со сигурност е РОЏЕР ГРЕЈСИ!!!

Семинар со Роџер Грејси - Загреб 2015
Семинар со Роџер Грејси – Загреб 2015 Тимот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” беше дел од овој квалитетен семинар

 

Роџер има импресивна БЏЏ и ММА кариера.

Неговиот скор во БЏЏ (кимоно и борби без кимоно – граплинг):

ADCC
Bronze 2003 São Paulo, Brazil -99kg
Gold 2005 California, USA -99kg
Gold 2005 California, USA Absolute
Brazilian Jiu-Jitsu
World Championship
Silver 2003 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2004 Rio de Janeiro, Brazil -99kg
Silver 2004 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2005 Rio de Janeiro, Brazil -99kg
Silver 2005 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2006 Rio de Janeiro, Brazil -99kg
Silver 2006 Rio de Janeiro, Brazil Absolute
Gold 2007 California, USA -99kg
Gold 2007 California, USA Absolute
Gold 2008 California, USA +99kg
Silver 2008 California, USA Absolute
Gold 2009 California, USA -99kg
Gold 2009 California, USA Absolute
Gold 2010 California, USA -99kg
Gold 2010 California, USA Absolute

Во борбите во ММА има 7 победи и 2 порази.

УФЦ борецот Игор Покрајац & Ивица Алексовски

 

На семинарот кој се одржа во Загреб, Хрватска, присуствуваа многу носители на црни, кафени, виолетови, плави,бели појаси и љубители на БЏЏ и ММА од регионот.

seminar roger
Спаринг со ММА шампионот Игор Покрајац

 

На семинарот учестуваше и УФЦ борецот од Хрватска, Игор Покрајац со кого Алексовски имаше привилегија да прави спаринг и да научи повеќе детали за одредени техники.

Роџер прикажа неколку базични техники со многу детали, детали со кои е многу полесно изведувањето на завршниот зафат. Благодарение на својата богата кариера многу често низ објаснувањата ги споменуваше борбите со познати светски шампиони во БЏЏ и ММА преку кои сакаше полесно да ја објасни техниката, начиниот како таа да се изучи побрзо и поквалитетно.

Истотака на крајот од семинарот Роџер направи неколку спаринзи со различни противници, носители на црни, кафени и виолетови појаси каде што ја прикажа својата мајсторија. Преку спаринзите нашиот тим на лице место се увери во големината на овој фајтер.

Благодарение на посветеноста на нашиот тим за поголемо присуство на турнирите и семинарите, квалитетот на нашиот тим секојдневно е на се повисоко ниво.

“Д Стронгест & РУТС БЏЏ” & “Вердум Мирковиќ БЏЏ” Заеднички тренинг во Загреб – 2015

 

Во петокот нашите представници беа на тренинг во БЏЏ клубот под водство на црниот појас во БЏЏ и Председател на Хрватската Федерација за БЏЏ, Бојан Мирковиќ, каде што со членовите направија повеќе спаринзи и си разменија искуство.