Успешно завршена година за тимот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ”

332

Оваа година, како и предходната ја завршивме успешно. Иако без финансиски средства, сепак освоивме многу медали на повеќе турнири надвор од Македонија и во Македонија. Тимот на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” секојдневно ја подобрува својата екипа со нови членови и на најдобро ниво ја представува нашата држава на меѓународните турнири.

Остварени спортски резултати во изминатава 2014 година:

–           8 медали на турнирот во Загреб, Хрватска ( 2 златни, 4 сребрени и 2 бронзени медали);

–           2 место Надобар Тим на турнирот во Ниш, Србија – освоени 19 медали ( 7 златни медали, 4 сребрени медали, 8 бронзени медали). На овој турнир бевме први во тимското натпреварување, но организаторот по завршување на турнирот ја призна грешката во бодувањето. Сепак по дополнителна молба од страна на организаторот останавме Втор Тим);

–           1 место најдобар тим на Првиот Отворен Турнир кој беше организиран во Скопје – освоени 43 медали (14 златни медали, 10 сребрени медали, 19 бронзени медали) ;

–           5 медали со 4 натпреварувачи на турнирот во Белград, Србија;

–           1 место Најдобар тим на Отвореното првенство АДЦЦ Македонија 2014 во Скопје, Македонија – освоени 10 медали (5 златни медали, 4 сребрени медали и 1 бронзен медал);

–            учество на неколку џудо турнири организирани од Македонската Џудо Федерација и освоени 4 златни медали и 1 бронзен медал ( Државни првенства во Џудо, Меѓународен турнир во џудо “Миоки Опен”).

Се надеваме дека следнава година ќе продолжиме по успешниот пат. Квалитетот на тимот се зголемува благодарение на турнирите и одраните семинари во нашите клубови.

Во 2014 година одржавме многу семинари во Македонија и учествувавме на повеќе семинари надвор од Македонија. Се запознавме со светски легенди од делот на боречките вештини.