Во нашиот Центар за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” кој е лоциран на ул.Емил Зола бр.10а во Кисела Вода (посебен простор кој е достапен 24/7 за нашите потреби) како никаде во нашата држава имате можност да тренирате повеќе боречки вештини. Сите тренинзи ги води основачот на “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ”, Алексовски Ивица. Алексовски е носител на:
- највисок степен во Џит Кун До & Кали – Full Instructor (Брус Ли – ГМ Ричард Бустиљо – ГМ Љ. Јорданов – Ивица Алексовски) и
- носител на кафен појас во Бразилска Џиу Џица ( Риксон Грејси – Проф. Ј. Переира – Проф. П. Гуимараеш – Проф. Р. Наумоски – Ивица Алексовски ).
Во моментов имаме повеќе групи од кои можете да одберете во зависност од Вашите потреби и желби:
- Џит Кун До – систем и филозофија на борба создаден од легендарниот Брус Ли кој обединува повеќе боречки вештини (филипински боречки вештини бокс, кик бокс, винг чунг, таи бокс, бразилска џиу џица, џудо, борење, савате итн.);
– понеделник 19.45 – 21.00, вторник и четврток 19.30 – 20.45 часот;
- Бразилска Џиу Џица – техники на самоодбрана, борба во клинч и на под, зафати, лостои, гушења се дел од техниките кои ќе ги изучувате во БЏЏ. Секој тренинг се прави лесен спаринг преку кој се зголемуваат Вашите знаења за многу краток период. Алексовски е основач и Председател на Македонската Федерација за БЏЏ и доколку тренирате во оваа група ќе бидете дел од тимот кој што во изминатиов период освои многу медали на разни турнири надвор од нашата држава.
– вторник (кимоно) 20.45 – 22.00 часот, четврток (без кимоно – граплинг) 20.45 – 22.00 часот и сабота (кимоно) 11.30 – 12.45 часот;
- ММА – мешани боречки вештини – денес еден од најпопуларните боречки спортови. Бидете дел од оваа група и научете техники кои денес се дел од тренингот на светски познатите шампиони во Ултимејт Фајт UFC (кик бокс, бокс, таи бокс, бразилска џиу џица, џудо, борење итн.);
– понеделник 18.30 – 19.45, среда 19.45 – 21.00 и петок од 19.00 – 20.15 часот;
- Група за ДЕЦА (од 4 – 12 години) – техники од Бразилска Џиу Џица (самоодбрана), вежби за координација, брзина, сила, концентрација. Оваа група ќе биде ВТОРОТО УЧИЛИШТЕ за Вашите дечиња. Родителите во координација со тренерите заедно делуваат и се залагаат да “создадат” квалитетни персони во секој поглед;
– понеделник, среда од 17.30 – 18.30 часот и петок 18.00 – 19.00 часот;
- Фитинес група за понежниот пол – група наменета за одржување на убавата линија на телото и одржување на вашето здравје. Во идеални услови за тренинг (целата сала е обложена со татами) со многу додатни реквизити за изведување на разни видови на тренинзи (тегчиња, медицинки, кетлбели, пилатес топки итн.);
– вторник, четврток од 18.30 – 19.30 часот и петок од 20.30 – 21.30 часот;
- Кикбокс – група наменета за оние кои што сакаат да се натпреваруваат, но и за рекереативци. Термини: понеделник, среда 21.00 – 22.15 часот и сабота 12.30 – 13.45 часот.
Месечна членарина за тренинг во групите:
- ЏКД – 1200 денари;
- БЏЏ – 1200 денари;
- ММА – 1200 денари;
- Детска група – 1200 денари;
- Фитнес група – 1000 денари.
АКО САКАТЕ ДА НАПРЕДУВАТЕ ПОБРЗО И САКАТЕ ДА ТРЕНИРАТЕ ПОВЕЌЕ БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ во нашата сала можете да добиете комбинација од повеќе вештини.
Доколку сакате да тренирате две боречки вештини:
- БЏЏ+ММА, ММА+ЏКД, ММА+Кикбокс… 1900 денари;
- Крос – кондициона група…се доплаќа 400 денари месечно, а доколку не сте член во една од нашите групи…600 денари (4-5 пати тренинзи месечно, секоја среда 18.30 – 19.45 часот)
Повеќе информации на ivica.jkdmk@gmail.com или на 070 24 22 88
Информации за:
- Џит Кун До, БЏЏ, ММА, Крос – кондициона група на 070 24 22 88;
- Кик Фит на 070 832 962;
- Кикбокс на 075 260 130;
- група за деца од 4 до 12 години на 070 24 22 88, 077 622 319.