Појаси во БЏЏ – ПРОГРАМА И СИСТЕМ НА РАНГИРАЊЕ

486

Програма и техники кои се изучуваат

BJJ-beltsБлагодарение на Ултимејт фајтот денес бразилската џиу џица е многу популарна низ целиот свет. Познатата фалимија Грејси се најзаслужни за развојот на овој спорт денес. Тие ги освоиа првите шампионати во УФЦ и со тоа стекнаа голема популарност. Денес БЏЏ е дел од секое натпреварување во мешаните боречки натпревари како што е УФЦ или М1. Програмата што се тренира е конципирана според светската програма за бразилска џиу џица. Составена е од :
  • движења на под;
  • фрлања и чистења;
  • контрола во гард;
  • поминување на гард;
  • контрола од страничка позиција;
  • контрола од маунт позиција;
  • ослободување гард, странична позиција, маунт и зафат од позади на под;
  • техники на гушење;
  • техники на напад – триаголник, кимура, лост на рака, лост на колено, лост на стапало, зафат за гушење на врат итн….;
  • техники на одбрана – ослободување од зафат при триаголник, кимура, лост на рака, колено, стопало, ослободување од маунт позиција, странична позиција, зафат од позади итн….;
  • борба во станата позиција;
  • борба на под;
  • динамички мулти комплексни вежби за подобрување на техниките, за зголемување на аеробната и анаеробната способност, подобрување на структурната поставеност при зафат итн.

Исто така треба да напоменеме дека покрај техничкиот дел голема важност се дава на физичката подготовка. Овде преовладуваат разни динамички вежби кои се комплексни и многу често нивното изведување е многу напорно. Можеме да кажеме дека тренинзите се високо квалитени и се работени по урнек на светските центри за бразилска џиу џица и граплинг.

brazilian-jiu-jitsu-belt-ranking

Појаси и рангирање на учениците постари од 18 години:

БЕЛ ПОЈАС

bjjwhitebelt

Белиот појас представува најнискиот ранг во БЏЏ. Го добива секој почетник и никој од почетниците не е обврзан да има некакво полагање за да го добие овој појас. Голем број на инструктори сметаат дека најголем напор и најмногу внимание треба да се посвети токму на студентите со бел појас. Со тоа ќе се формира силна основа кај студентот што ќе му озовможи напредување во подоцните рангови и појаси.


СИН ПОЈАС

F004-2

Синиот појас е втор појас кој се добива во Бразилската Џиу-Џица. Представува втор чекор во тренирањето на БЏЏ, каде што студентот направил еден голем чекор и преминал од почетничкиот бел појас во син појас. За да стигне еден студент од син појас во виолетов, тој мора да помине стотици и стотици часови на татамите, да совлада голем број на техиники од БЏЏ, како и да ги поседува сите етички карактеристики (однос кон другите, почит и пријателство) во согласнот со правилата на тимот.

Затоа, се вели дека студентот додека го поседува синиот појас ги учи поголемиот број од техниките. Во следните појаси само ги усовршува повеќето од научените техники во синиот појас.


ВИОЛЕТОВ ПОЈАС

KGrHqJpIE9c6i5w5uBPmbFDLOg60_35

 

Виолетовиот или попознат како напреден појас, според поголем број на инструктори, е премин од основно во напредно познавање на техниката. Во просек се потребни од 4-6 години активно тренирање за да се добие виолетов појас и е познат како појас кој учениците најдолго време го носат бидејќи за да се премине на кафен појас потребни се плус 2-3 години тренирање под виолетов појас.

Студентите со виолетов појас се здобиваат и со правото да ја предаваат техниката на нови ученици. Најчесто во другите боречки вештини и боречки спортови, студентите со толкаво искуство се веќе носители на црн појас па дури и повисоки степени на црниот појас. Интернационалната федерација на Вразилска Џиу-Џитца налага студентот да има повеќе од 16 години и да биде минимум 2 години носител на син појас за да може да полага за виолетов појас.


КАФЕН ПОЈАС

F006-2

Кафениот појас е последната граница пред многу посакуваниот „црн“ појас. Кафениот појас представува највисок чин од „обоените“ појаси.

Студентите во овој појас најголемиот дел од времето го поминуваат на повторување на техниките, бидејќи се смета дека студентите кои стигнале до овој појас веќе ги совладале голем број од техниките. Кафениот појас се смета дека представува последна проверка пред студентот да го добие „елитниот“ црн појас.

За разлика од претходно споменатите појаси, за добивање на кафен појас потребни се минимум 18 годишна возраст.

Интернационалната федерација на Вразилска Џиу-Џитца налага студентот да има повеќе од 18 години и да биде минимум 1.5 година носител на виолетов појас за да може да полага за кафен појас.


ЦРН ПОЈАС

F007-2

Како и во другите боречки вештини, така и во БЏЏ, црниот појас представува достигнување на експрерстко ниво од вештината.

Проценката на тоа колку време е потребно за добивање на овој „чин“ е околу 10 години активно тренирање. Но, во праксата се покажува дека многу ретко црниот појас во БЏЏ се добива за толку „кратко“ време. Најчесто потребни се од 13-15 години активно тренирање за да се дојде до овој „елитен“ степен во БЏЏ.

Она што е најбитно за добивањето на овој појас е студентот да има поминато многу време во професионални борби (рандори) со различни партнери преку кои се избиструваат и усовршуваат сите претходно стекнати вештини.

Интернационалната федерација на Вразилска Џиу-Џитца налага студентот да има повеќе од 19 години и да биде минимум 1 година носител на кафен појас за да може да полага за црн појас.


ЦРВЕНО-ЦРН ПОЈАС

belt-diploma

Кога студентот ќе стигне до 7 или 8 степен од црн појас, тогаш тој добива алтернативен црвено-црн појас, сличен на црвно-белиот појас во Џудото. Најчесто носителите на овие појаси се многу успешни БЏЏ натпреварувачи и познавачи на техниката. Истите имаат голем углед како и голем удел во ширењето на техниката. Некои од најпознатите носители на црвено-црн појас се: Jorge Pereira (ROOTS MEMBER), Royce Gracie, Carlos Gracie Jr., Rickson Gracie, Carlos Machado, Rigan Machado, Pedro Sauer, Fabio Santos, Julien Joly, Luiz Palhares, Romero “Jacare” Cavalcanti, Marcus Soares, Joe Moreira,Mauricio Motta Gomes и Mauricio Robbe.


ЦРВЕН ПОЈАС

l_fuji-jiu-jitsu-red-belt

Во БЏЏ-то носителите на црниот појас најчесто се поистоветуваат со изреката „Црвениот појас е за оние чиe што влијание и слава ги довело до совршенство на вешината“. Овој појас се добива на 9 и 10 степен од црниот појас. За споредба, доколку некој студент добил црн појас на 18 годишна возраст, црвениот појас би можел да го добие дури на 67 годишна возраст.
Моментално, 9-ти степен и црвен појас поседуваат Carlson Gracie, Francisco Mansor и Geny Rebello . 10-ти степен е доделен само на основачите на БЏЏ – Carlos, Oswaldo , George, Gastão иHélio Gracie.