Линија на пренесување на БЏЏ

365

МИТСУО МАЕДА – креаторот на Бразилската Џиу-Џица

Maeda_ca__1910(3)
КАРЛОС ГРЕЈСИ

carlos_gracie_sr_1(2)

 

 

ХЕЛИО ГРЕЈСИ

a379bf_b2b026097a0ab71c8beb5d0b8cdd5bae.png_512

РИКСОН ГРЕЈСИ

rickson-gracie(1)

ЏОРЏ ПЕРЕИРА

562352_10200645260288062_1528306702_n

ПАУЛО ГУИМАРАЕШ

247475_190792074304989_190780180972845_609907_1167108_n
РОБЕРТ НАУМОСКИ

53161_1676621401182_1406894106_1773531_4379086_o(1)

ИВИЦА АЛЕКСОВСКИ
ivica

Проф. Џорџ Переира – биографија

Проф. Переира е носител на 6 ДАН во БЏЏ под водство на светски познатиот и еден од најдобрите учители и борци во БЏЏ, Риксон Грејси и Карлос Грејси Јр.

Скоро 30 години е носител на црн појас во БЏЏ. Ако на ова се додаде дека треба околу 10 години за да се добие црниот појас во БЏЏ, добиваме 40 години активност во ова вештина. Переира има учествувано на повеќе светски турнири во БЏЏ, во грапплинг, во ММА, во Вале Тудо. Тој е еден од основачите на познатите борби во Вале Тудо, наречени “Rio Heroes” – Херои на Рио. Во овие борби скоро и да нема правила. За разлика од УФЦ каде што ударите со глава се забранети, мораат да се носат ракавици….овде е скоро се дозволено, баш како што е и самото име на Вале Тудо – “може со се”.

Проф. Переира има дипломирано психологија на ПУЦ Универзитетот во Рио, Бразил и има дипломирано новинарство на Градскиот Универзитетот во Рио, Бразил.

Неговиот скор во ММА борбите е:

– 14 борби;

– 10 победи и

– 4 порази.

Во една од овие 4 изгубени борби се бори со неколкукратниот шампион во УФЦ, Мат Хјуз каде што ја губи борбата поради повреда и прекин на борбата по барање на докторот. Има учествувано во “Extrime Challange” во Атланта САД, “King of the Cage” во Палм Спрингс САД, “ИВЦ” во Сао Паоло во Бразил, “The Fighter” шампионатот во Рио,Бразил, бразилскиот шампионат за слободни стилови ( во вториот круг, третиот и во финалето ) во Сао Паоло,Бразил.

185720_10150102594799472_673888_n

Достигнувања во својата кариера:

Светски шампион во БЏЏ (без кимоно ) 2008 година во Калифорнија, САД;

– Пан Американски шампион во Џиу Џитсу – 2002/2003/2004 година во Флорида,САД;

– Шампион на Бразил во слободни стилови – 1996 година, Сао Паоло, Бразил;

– Шампион на Вториот Шампионат во слободни стилови – Сао Паоло, Бразил;

– Шампион на Третиот Шампионат во слободни стилови – Сао Паоло, Бразил;

– Шампион на “The Fighter” Сампионатот во слободни стилови – Рио, Бразил.

Проф. Переира денес е Председател на Федерацијата за бразилска федрација во Мајами, САД.
Денес одржува семинари низ целиот свет ( Бразил САД, Австралија, Европа ). Одржува семинари за БЏЏ, за ММА, Вале Тудо.
Во брзо време ( се надеваме нардената 2012 година ќе стане носител на корален појас ( црвено-црн) и ке биде еден од дестината светски мајстори во БЏЏ кои поседуваат корален појас.

Проф. Пауло Гуимараеш

paulo 1
основач на РООТС БЏЏ Австралија и Главен инструктор во Сиднеј ЦБД Доџо.
Пауло Гуимараеш почнал да тренира БЏЏ кога имал 15 години ( предходно 7 години тренирал џудо почнувајки од 6 годишна возраст ).
Во 1982 година фамилијата на Пауло се преселува во Барра и тој почнува тренира БЏЏ наместо џудо.
Во тоа време БЏЏ била вештина која брзо се ширела низ целата држава благодарение на турнирите, но и на нејзината ефикасност во уличните борби кои во тоа време во Бразил биле секојдневие.
Пауло почнал да тренира кај фамилијата Бехринг и Мајасторот во боречките вештини Флавио Бехринг ( денес носител на црвен појас ) кој во тоа време бил Црн појас под водство на ГМ Хелио Грејси.
Во тоа време Пауло го запознава Џорџ Переира со кого тренирале во иста сала каде што стануваат добри пријатели и спаринг партнери.
По неколку години Марсело Бехринг и Џорџ Переира го менуваат клубот по сугестија на таткото на Марсело, Флавио Бехринг и почнуваат да тренираат во Грејси Академијата под водство на Риксон Грејси. Потоа тие се што учеле го пренесувале на Пауло и другите ученици во салата на Бехринг.
Потоа Пауло почнал да се занимава повеќе со сурфингот, а многу помалку со бџџ тренинзите.
По неколку години Пауло сака да го заврши факултетот и да почне пак да тренира бџџ како предходно.
Во почетокот на 90-те Марсело Бехринг заминува во повеќе држави со предизвик за борба до сите кои тренираат боречки вештини. Патот го започнал во Австралија. Тогаш прв пат БЏЏ влезе на тлото на Австралија со мошне агресивната форма на борба наречена “No Rules Fight”.
По успешнните турнири,, Марсело се враќа во Бразил каде што бил убиен и Џорџ Переира ја превзема обврската да го води клубот, да ги тренира сите ученици на Марсело вклучувајќи го и Пауло.
Во 1993 година Пауло постанува професионален пилот и добил работа да лета во реонот на џунглата во Амазон во Северен Бразил.
Во договор со Џорџ почнува да предава БЏЏ во Белем до Пара, во истиот град каде што почна да се создава БЏЏ во 1900 година кога Светскиот Џиу Џитсу Шампион Матсуо Маеда ( Count Coma ) почнал да го учи Карлос Грејси на првиот чекор од ова вештина.
Сега Пауло бил љиљаков појас со освоени повеќе титули во БЏЏ натпреварите низ Бразил вклучувајќи 2 пати шампион на Северен Бразил и 2 пати шампион на Север/Североисточен Бразил.Притоа бил главен тренер во едно од најдобрите школи во Белем наречена АПАМ ,сопственост на познатиот јапонски мајстор Сенсеи Јохидо Мачида, татко на денес светски познатиот УФЦ шампион, Лиото “The Dragon” Мачида кој ги почнува своите први чекори во БЏЏ како ученик на Пауло.
Во 1994 година почнал да ги подучува припадниците на Армијата на Бразил (5-та Гарда – Amazon Junge Division ) со техниките од самоодбрана и борба од БЏЏ. Во тој период Пауло ја имал својата прва Вале Тудо борба против Армискиот шампион во бокс каде што победил со зафат на вратот и со ова ја докажал супериорноста на овој стил.
Во 1995 година ја основа државната федерација заедно со Проф. Алфредо “Вердуго” Марљуес , многу способниот шампион во црн појас во БЏЏ под водство на мајсторот Освалдо Алвес, како членка од Бразилската Конфедрација за БЏЏ. Тогаш се здобива со кафен појас и постанува Председател на ова федрација.
Кон крајот на 1996 година Пауло се преселува во Јужен Бразил заедно со својот добар пријател и лојален ученик ( првиот ученик кој добил црн појас од Пауло ). Таму ја отвора Extreme BJJ Academy која набрзо постанува главен центар за изучување на БЏЏ во Јужен Бразил, притоа неговите ученици освојуваат многу државни турнири. Пауло постанува Подпредседател на Рио Гранде до Сул БЏЏ Федерацијата заедно со Марио Спери и Валтер Матос.
Во 1998 година го добива црниот појас од својот долгогодишен инструктор и пријател, Џорџ Переира после 16 година тренинг, посветеност, освоени турнири.
Но, патот не завршува тука….тука почнува новит почеток.
Во 2000 година се запознава со својата сопруга и планираат да одат на долг одмор во Нов Зеланд, Бали и Австралија каде што го запознава Брад Петерсон кој го поканува да биде тренер во неговата сала во Неутрал Беј во Сиднеј.

2000 година

Пауло е првиот носител на црн појас во БЏЏ од Бразил кој живее и тренира во Австралија. Борците од цела Австралија доаѓаат во овој клуб да учат од Пауло и да земаат приватни часови од него.

2001 година

Кон крајот на 2001 година Пауло ги преместува своите тренинзи во Бонди каде што почнува да го основа неговиот тим на шампиони РООТС БЏЏ.

2002 година

Оваа година Пауло и уште двајца носители на црни појаси кои живеат во Сиднеј ја основаат Австралиската Федерација за БЏЏ со дозвола од Интернационалната Федерација за БЏЏ. Истата година се организираат три Турнири во Нов Јужен Велс и РООТС постануваат првите шампиони на NSWBJJF ( како и во наредните две години ).

2003 година

Пауло ги зема со себе своите најдобри три ученици за прв пат да се натпреваруваат во Светскиот Куп во БЏЏ. Сите тројца на тој турнир земаат ЗЛАТНИ МЕДАЛИ и членовите на РООТС постануваат првите Австралијанци – светски шампиони во БЏЏ. Светските новински агенции го прогласиле тимот на РООТС како “100 % успешен тим”.

2004 година

Оваа година Пауло оди да се натпреварува во Лас Вегас на Шампионатот на Пан Америка заедно со својот пријател Џорџ Переира, каде што Пауло го зема сребрениот медал во апсолутна категорија, ученикот на Пауло зема бронзен медал, а Џорџ зема златен медал во категорија и сребрен медал во апсолутна категорија.
Истотака во 2004 година, учениците на Пауло се натпреваруваа на Свтското Првенство во Бразил каде што освојуваат 3 златни медали, 1 сребрена и 1 бронзена медала.

2005 година

Тимот на РООТС го освојуваат и Националниот Шампионат на Австралија во Граплинг ( борби без кимоно ) повторувајќи го успехот во 2006 година.

2006 година

Во 2006 година Пауло оди во Бразил на Светското Првенство ,но овој пат сака да се натпреварува во потешка категорија. Во насока на тоа ја зголемува својата тежина за 6 килограми и после многу тешки борби на турнирот, освојува бронзен медал. Но, ова година Пауло ја прифака понудата да се бори во ММА борба во “King of the Cage”. Три месеци припреми, бџџ,бокс, таи бокс, борење..и на крајот победа за 29 секунди во првата рунда ( back choke – зафат за врат од позади ).

2007 година

Уште еден шампионат на NSWBJJF и победи од тимот на РООТС, победи во ММА борби. Пауло создава свое шоу кое го нарекува Х-АГОН и промовира 4 вакви турнири.

Пауло се посветува на своите техники, на изгрдба на својот тим, на својата сала и одржува семинари во своите клубови низ цела Австралија ( 7 клуба во Нов Јужен Велс , 2 во Западна Австралија и 2 во Јужна Кореа ).

2008 година

Кон крајот на 2008 година во Токио во ноември, Пауло освојува две златни медали на Азискиот шампионат во категорија и во апсолутна и постанува шампион на Азискиот шампионат.

2009 година

Во 2009 година победува на квалификациите во Австралија за престижното светско натпреварување во Абу Даби АДЦЦ.

Исто така ова година во Европа го одржува својот прв семинар надвор од Австралија ( Ирска и Италија ), а потоа одржува семинари и во САД.

2010 година

РООТС БЏЏ отвораат 3 нови клубови во Сиднеј. Со овие 3 клубови, сега тимот на РООТС брои 11 БЏЏ клубови и уште два клуба во Јужна Кореа и сите се подводство на Проф. Пауло Гуимараеш.
Пауло почнува да прави семинари во Австралиската Армија и ги учи на истите техники кој тој во 1990 година ги тренирал и со Бразилската Армија.
РООТС БЏЏ победуваат на Австралискиот национален шампионат во грапплинг по трет пат.
Тимот на РООТС БЏЏ на ММА сцената под водство на Пауло бележи успеси, во “King of the Cage” неговиот ученик ,носител на црн појас Тони Бонело постанува светски шампион во три категории… и уште многу други кои прозилегуваат од овој тим освојуваат значајни успеси.

2011 година

Во ова година се отвораат уште 3 нови клубови кои се дел од РООТС БЏЏ и тоа еден во Мајами, еден во Сао Паоло и еден во Македонија (официјален датум е 12.12.2010 година, но клубот во Македонија работи БЏЏ од 2009 година). Во Македонија тимот на РООТС БЏЏ е официјално и првиот клуб во Македонија каде што се изучува БЏЏ.
На шампионатот во Абу Даби , членот на РООТС БЏЏ, Брајан Фелзон е првиот професионален шампион од Австралија кој освојува златен медал во грапплинг и сребрен медал во борби со кимоно.
Исто така членот на РООТС БЏЏ , Марсело Алтиери за 90 секунди победува во ММА меч во елтитниот “King of the Cage” турнир.

Роберт Наумоски

52801_1676620081149_1406894106_1773525_1038081_o(1)

Роберт Наумоски е Македонец кој тренира БЏЏ во Сиднеј, Австралија. Преку РООТС Македонија, Роберт го шири мега популарното БЏЏ во Македонија.
Со боречките вештини и боречките спортови започнал да се заминава во далечната 1987 година тренирајки Нинџитсу.
Во 1994 година добил црн појас по истата вештина.
Додека тренирал во салата, сопственикот на салата го повикал Роберт да направат борба (спаринг) во подрумот на салата. На тој спаринг, сопственикот на салата му покажал на Роберт движења и техники од БЏЏ. По тој ден, Роберт одлучува дека мора да види каква е оваа техника, да ги научи движењата како и стилот на БЏЏ.
Започнал да тренира во локалната сала секоја сабота, скоро цела година, се додека не прочитал во магазинот Блиц за првиот Австралијанец кој добил црн појас во БЏЏ.
Тогаш го запознава Пауло Гуимараеш ( првиот жител на Австралија носител на црн појас во БЏЏ ). Од тој момент, Роберт сфаќа дека го пронашол својот БЏЏ учител. Роберт уживал во тие тренинзи каде што тренерот Пауло им покажал на своите ученици дека БЏЏ не е само боречка вештина, туку целосен начин на живот. Пауло успеал да направи сите да се чуствуваат како дел од една голема фамилија во клубот.
Тоа било повод и причи на Роберт да отвори свој клуб за БЏЏ, каде што се повеќе луѓе ќе можат да ги осетат благодетите на оваа боречка вештина.
Со помош од Пауло, Роберт ја отвара првата сала во Рокдеил која набргу станала премала за бројот на ченови. Со цел да се земе поголема сала, Роберт отвара нова во Чарлтон која исто така набргу станува премала за потребите на се поголемиот број на студенти на Роберт. Последната сала која Роберт ја отвара е во Бексли со околу 200 метри квадратни површина, обложена со татами каде што Роберт ги држи своите тренинзи периодов.

Статистики за Роберт Наумоски:

– 5 пати шампион на Нов Јужен Велс (Област во која спаѓа и Сиднеј)

– 3 пати шампион на Австралија

– 4 пати шампион на Пан Пацифицката област;

Во 2012 година доаѓа во Македонија и престојува два месеци. Во овие два месеци тој напорно тренира со Алексовски и со тимот од “Д Стронгест & РООТС БЏЏ Македонија” каде што го пренесува своето огромно знаење.

Во своето бџџ патување има тренирано со многу БЏЏ и ММА легенди како што се Марио Спери, Ројс Грејси, Ројлер Грејси, Рафаел Мендез, Антонио Карлос Јуниор, Вандерлеи Силва, Минотауро Ногеира, Жан Жак Мачадо, Ричард Нортон, Гуто Кампос и многу други.

ivica rob

Во 2013 година се преселува во новата поубава и поголема сала во Ст. Џорџ, Сиднеј која е опремена со високо квалитетни татами од познатата фирма “Зебра Матс”. Истата година ја добива првата лента на црниот појас од Проф. Жорж Переира.

 

 

 

Ивица Алексовски


Ивица Алексовски е роден во 1975 година во Скопје, Р.Македонија.

Во периодот 1989-1993 година е ученик во Средното Полициско Училиште каде што за прв пат се запознава со боречките вештини.Во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски, а под водство на Си-Фу Златко Неделковски. Во тој период тренира три пати неделно во клубот, а другите денови заедно со група свои колеги од СПУ тренира во спортската сала која се наоѓа во склоп на училиштето. Своите почетоци во светот на боречките вештини ги има во Средното Полициско Училиште каде што четири години изучува повеќе боречки вештини како што се Џиу-Џитцу, Џудо, Карате и Бокс. Изучува техники на фрлање, чистење и партер борба од Џудото, техники на ослободување од зафат, приведување, самоодбрана од невооружен и вооружен напаѓач од Џиу-Џица, рачни техники од Боксот и техники на ножни удари од Каратето.

Во понатамошниот период работи во Министерството за внатрешни работи во Скопје како сообраќаец – мотоциклист (обезбедување на високи државни функционери и странски делегации ).

Тој е  основач на  Џит Кун До Центарот за Боречки Вештини „Д Стронгест“ во Скопје.  Бидејќи и самото ЏКД е составено од повеќе вештини, Ивица сакајќи да навлезе подлабоко во секоја вештина, покрај тоа што го изучува ЏКД-то во својот клуб, со свои пријатели кои трнирале други боречки вештини (Аикидо, Винг Чун, Бокс итн) поодделно ги изучува и овие вештини.

Во 1992 година во Битола на Првото Фул Контакт првенство во Македонија го освојува Второто место – Вицешампион на Р. Македонија.

На 16.01.1993 година се одржува Прв клубски турнир на кој учествуваат повеќе од 50 членови во разни категории и го освојува Првото место за сениори.

На традиционалниот турнир во фул контакт борби на 27.03.1993 година учествува во демострација на техники на одбрана од повеќе напаѓачи, одбрана при напад со палка заедно со своите колеги од средното полициско училиште и редовни членови во клубот.

На Клубскиот турнир го освојува третото место во каегоријата за сениори. Турнирот се одржа на 27.01.1994 година.

Министерството за Внатрешни работи на 16.12.1994 година организираше натпревар на ниво на целото министерство во демонстрација на техники во самоодбрана. Ивица го освои златниот медал ( прво место ) заедно со својот парнер Колевски Сашко кој го освои сребрениот медал.

Во периодот од 1994 до 1996 година е одговорен инструктор и задолжен за спроведување на програма за обука на техники од самоодбрана во Полициската Станица за БПС во Скопје.

Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака Прв Тоан, а во 2004 година со Втор Тоан во ЏКД кај Си-Фу Златко Неделковски (Начинот на стекнување ознаки во ЏКД на територија на Македонија во тој период беа различни од светскиот начин на стекнување ознаки).

Истотака во меѓу време се стекнува и со Црн Појас во Кик бокс под водство на Си-фу Неделковски.

Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор.

Во 2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

Во 2006 година го отвора вториот клуб “Д Стронгест – Аеродром” каде што за главни инструктори ги поставува Бојан Христовски ( еден од најстарите негови ученици ) и Ралев Златко. Клубот сега брои 60 редовни членови.

Во 2007 година го отвора третиот клуб “Д Стронгест – Велес” кој воедно е прв клуб кој егзистира надвор од Скопје. За главни инструктори ги поставува Стефановски Раде и Коцев Тони ( денес Д Стронгест Велес не е дел од Д Стронгест Македонија ).

Истата година го отвора и четвртиот клуб “Д Стронгест – Центар” каде што за инстрктори ги поставува своите постари ученици, Попоски Бојан и Брсакоски Аце.

Моментално Алексовски е носител на виолетов појас во бразилска џиу џица под водство на Проф. Роберт Наумоски.

Во 2008 година го отвора и петиот свој клуб “Д Стронгест – Карпош” и за инструктори ги поставува истотака едни од постарите свои ученици, Пангов Воислав  и Тодоровски Гоце.

Бидејки ЏКД го развива на високо ниво отвара и втора ЏКД група во истата сала. Во ЏКД ЦБВ “Д Стронгест” денес тренираат скоро 400 членови.

Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.

Во 2010 година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини. Алексовски добива жолт појас во Крав Мага од Петров.

Алексовски во месец јануари 2010 година го заврши Високото образование на Факултетот за физичка култура во Скопје и се стекна стручен назив Дипломиран тренер по бокс.

Истата година заедно со свите ученици од присуствува на ЏКД – Досе Парес ескрима семинар во Бугарија ,организиран од ГМ Љубомир Јорданов, а воден од еден од првите ученици на Брус Ли,Гранд Мастер Ричард Бустиљо. Тоа беше семинар кој траеше два дена ( 10 цаса ) на кој ГМ Бустиљо прикажа повеќе техники од работа со ескрима и нож, техники кои Брус Ли ги тренирал, објасни како Брус тренирал, зошто бил толку добар во се.

Во 2010 година прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање  на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно.

Во 2012 година се стекнува со виолетов појас во бразилска џиу џица под водство на Проф. Наумоски.

Во 2016 година се стекнува со кафен појас во БЏЏ. Со тоа станува највисокиот БЏЏ авторитет кој живее во Македонија.

Во 2013 година основачот на клубовите за боречки вештини “Д Стронгест & РООТС БЏЏ Македонија”, Алексовски Ивица се стекна со титула Џит Кун До – Филипински Боречки ВештиниФУЛ ИНСТРУКТОР лично од Гранд Мајсторот во Џит Кун До  и Филипински Боречки Вештини, Љубомир Јорданов. Тој е третата генерација представници: Брус Ли – ГМ Ричард Бустило – ГМ Љубомир Јорданов – Ивица Алексовски. Со овој сертификат тој е овластен да ја пренесува оваа филозофија и концепт на борба – Џит Ку До и Филипински Боречки Вештини.

После 25 години поминати во изучување на повеќе боречки вештини и системи (кик бокс, кали, џудо, бразилска џиу џица. грпалинг, бокс, самоодбрана…) и по изминати 10 години под водство на ГМ Јорданов, Алексовски заслужено се стекна со звање СЕНИОР ИНСТРУКТОР. За запознавање на нашите читатели во ЏКД има 4 инструкторски степени, за стекнатиот на Алексовски е полседниот. Следниот степен се доделува после наполнети 50 години за долгогодишна работа во светот на боречките вештини  и промоција на вештините.

Под негово раководство денес постојат неколку клубови:

– Д Стронгест;

– РООТС БЏЏ;

– РООТС БЏЏ група за деца;

– Д Стронгест ММА Тим;

– Д Стронгест Аеродром;

– Д Стронгест & РООТС БЏЏ Охрид;

– Д Стронгест & РООТС БЏЏ Куманово;

– – Д Стронгест & РООТС БЏЏ Прилеп.

Тој е иницијатор за оформување на Македонската Федерација за БЏЏ и денес е Председател на Федерацијата.

ЏКД Инструктори кои се под негово раководство се:

– Христовски Бојан;

– Ралев Златко;

– Јакимовски Александар;

– Заткоски Александар;

-Алпер Пројка.

БЏЏ Инструктори под негово раководство се:

– Јакимовски Александар – носител на виолетов појас во БЏЏ;

– Заткоски Александар – носител на виолетов појас во БЏЏ;

– Мухамед Џевахир – носител на кафен појас;

– Стефан Пецевски – – носител на виолетов појас;

– Благоја Трајчевски – носител на плав појас;

– Дејан Чолевски – носител на плав појас;

– Катерина Атанасоска – носител на плав појас;

– Мартин Стефановски – носител на плав појас.