Историјата на Бразилскота Џиу-Џица може да се разгледува преку тезите на повеќе различни историчари, професионалци за историјатот на боречките вештини. Според некои, вештината Jiu-Jitsu или модерно наречена „џентлменска вештина“, потекнува од Индија. Таму истата била тренирана и развивана од Будистичките монаси. Фокусирајќи се на самоодбраната, овие монаси креирале техника базирана на принципите на балансот и подршката се со цел да се натера воинот да не се потпира само на своето оружје и на својата физичка подготвеност како предуслов за добивање на борбата.
Со експанзијата на Будизмот, Џиу-Џицата се раширува од југо-истолна азија кон Кина, за подоцна да допре и до просторите на Јапонија каде што оваа техника се продлабочува, усовршува и популаризира.
При крајот на 19-тиот век, некои Џиу-Џитсу мајстори емигрирале од Јапонија во други држави каде што оваа техника ја пренеле на други тамошни професионалци и учители на боречки вештини.
Esai Maeda Komа или попознат како “Conde Koma” е еден таков учител кој мигрирал од Јапонија. Тој патувал низ Европа и Америка и се борел со скоро сите познати учители на боречки вештини во тој период. Во 1915 година пристигнал во Бразил, во Белем де Пара и по една година помината во Бразил, тој се сретнал со човек по име Гаштао Грејси.
Гастао Грејси кога се запознал со Маеда имал седум деца меѓу кои 4 машки и 3 женски. Гастао бил одушевен од Џиу-Џица и веднаш го довел својот најстар син, Карлос за да почне да ја изучува оваа вештина од јапонскиот учител.
За релативно слабото 15 годишно момче Карлос, вештината Џиу-Џица придонела не само тој ги зголеми своите борбени вештини, туку и да се развие физички и психички. На своја 19 годишна возраст, Карлос заминува за Рио Де Женеиро со својата фамилија за да започнат школа за боречки вештини. Во своето патување, покрај тоа што Карлос ја покажувал вештината наоколу, ги предизвикувал сите кои се физички поголеми од него на борба каде што била истакната придобивката од тренирањето Џиу-Џитсу.
Во 1925 година, Карлос ја отвара својата прва официјална школа наречена “Academia Gracie de Jiu-Jitsu”. Од таа година, Карлос започнува да го споделува своето знаење со своите браќа, адаптирајќи го и филтрирајќи ги техниките кои се корисни од оние кои сметал тој дека не се доволно корисни и употребливи. Покрај тоа, Карлос дури и развива тип на исхрана (диета) за спортисти која ја нарекува “the Gracie diet,” и на тој начин го спојува поимот Џиу-Џица со здрав живот и здрава исхрана.
За да ја прикаже и докаже супериорноста на Џиу-Џицата пред другите боречки вештини, Карлос ги повикува и предизвикува сите нај истакнати борци во неговото време. Победувајќи во скоро сите борби, со многу поголеми и физички по спремни противници (некои дури и 40 килограми потешки), Карлос го врти светското боречко внимание кон него и кон неговата фамилија.
Од друга страна пак, согледувајќи ја популарноста на Џиу-Џицата во Бразил, повеќе јапонци-учители на оваа техника доаѓаат во Бразил со цел да отворат нивни школи за Џиу-Џица, но ниедна од нив не успева да ја бутне популарноста на школата на фамилијата Грејси. Една од причините за ова е фактот дека јапонските техники биле фокусирани на борбата од стоење, начинот на фрлање и соборување на противникот, а за разлика од нив фамилијата Грејси во техниката Џиу-Џица се фокусирале кон борбата на под и зафатите кои се употребуваат при ваков тип на борба.
Овие техники биле толку многу карактеристични за нивната школа што од самата популарност, оваа техника преминала во еден од националните бразилски спортови. Токму поради тоа издвојување и преадаптирање на техниката, фамилијата Грејси и дава една нова димензија на техниката Џиу-Џица која го добива името Бразилска Џиу-Џица.
Во годините кои изминувале, Карлос оваа техника ја пренел на своите браќа Osvaldo, Gastão и Jorge. Хелио, кој во тие години бил многу мал и многу болен, не бил во состојба да ја тренира техниката, туку само ги гледал своите браќа како вежбаат и како ја усовршуваат техниката. Откако Хелио ги надминал своите болести и физички проблеми и тој заедно со своите 3-ца браќа започнал да тренира и да навлегува во техниката.
Хелио се натпреварувал во повеќе натпревари базирани на зафати и скоро сите ги освоил. Хелио има изгубено само една борба во 1951 година од Јапонецот Машакиро Кимура, кој го победил Хелио со познатиот Kimura (Gyaku ude-garami). Тогаш фамилијата Грејси, овој зафат го има наречено Кимура во чест на тогашниот победник во борбата – Машакиро Кимура.
Во борбата, Хелио не попуштал, па Кимура бил принуден да го дислоцира рамото на Хелио и да предизвика кршење на дел од коските во рамото на Хелио. Фамилијата Грејси тогаш фрлиле бел пешкир во рингот со цел да се прекине мечот. И покрај поразот, јапонската боречка јавност била изненадена од способностите на фамилијата Грејси. Со голема почит, Кимура го поканил Хелио своите техники и вештини да ги покаже во јапонската Imperial Academy.
Денес, главна разлика меѓу БЏЏ стиловите се одвива меѓу традиционалното Грејси Џиу-Џитсу кое се фокусира на самоодбрана и спортското БЏЏ кое е ориентирано кон натпреварување.
За да биде БЏЏ денес мега популарно придонело и организирањето на првите турнири за мешани боречки вештини. Организирањето на првиот Ултимејт фајт шампионат на 12 ноември 1993 година во Денвер,Колорадо и победата на членот на Грејси ( Ројси Грејси ) представникот од школата за бразилска џиу-џитца е клучниот момент за популазирањето на овој концепт. На тој прв турнир учествувале повеќе мајстори на боречки вештини од различни вештини ( кикбоксер, сават, карате, шутфајтер,сумо борец, боксер, бразилска џиу-џитца ) и сите биле докажани како големи мајстори во својата вештина. Но, доминацијата на БЏЏ била видлива и Ројси Гресји е човекот кој придонел за голема популарност и на БЏЏ и на големото семејство Грејси.
Денес покрај примената на БЏЏ во УФЦ, М 1, Страјкфорс… има примена и во обука на воените и полициските органи со усовршување на техниките за самоодбрана.
Организирањето на голем број на турнири е во насока на се поголемо прифакање на оваа боречка вештина.
Во 2010 година, Алексовски преку Проф. Наумоски клубот станува дел од РООТС БЏЏ со седиште во Сиднеј , Австралија. РООТС БЏЏ Македонија е дел од ЏКД Центарот за боречки вештини “Д Стронгест” во Скопје. Единствениот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ е Проф. Роберт Наумоски. Тој своето знаење го предава на својот ученик Алексовски Ивица кој ја пренесува вештината во Македонија.
Денес екипата на Д Стронгест & РООТС БЏЏ Македонија се натпреварува како во Македонија , така и надвор каде што освојува многу медали и бележи се поголеми успеси.