Биографија – Проф. Џорџ Переира

379

Проф. Џорџ Переира

531846_10200172423467437_2032327465_n

Проф. Переира е носител на 6 ДАН во БЏЏ под водство на светски познатиот и еден од најдобрите учители и борци во БЏЏ, Риксон Грејси и Карлос Грејси Јр.

Скоро 30  години е носител на црн појас во БЏЏ. Ако на ова се додаде дека треба околу 10 години за да се добие црниот појас во БЏЏ, добиваме 40 години активност во ова вештина. Переира има учествувано на повеќе светски турнири во БЏЏ, во грапплинг, во ММА, во Вале Тудо. Тој е еден од основачите на познатите борби во Вале Тудо, наречени “Rio Heroes” – Херои на Рио. Во овие борби скоро и да нема правила. За разлика од УФЦ каде што ударите со глава се забранети, мораат да се носат ракавици….овде е скоро се дозволено, баш како што е и самото име на Вале Тудо – “може со се”.

193_507203199343_1797_n

Проф. Переира има дипломирано психологија на ПУЦ Универзитетот во Рио, Бразил и има дипломирано новинарство на Градскиот Универзитетот во Рио, Бразил.


Неговиот скор во ММА борбите е:

– 14 борби;

– 10 победи и

–  4 порази.

Во една од овие 4 изгубени борби се бори со неколкукратниот шампион во УФЦ, Мат Хјуз каде што ја губи борбата поради повреда и прекин на борбата по барање на докторот. Има учествувано во “Extrime Challange” во Атланта САД, “King of the Cage” во Палм Спрингс САД, “ИВЦ” во Сао Паоло во Бразил, “The Fighter” шампионатот во Рио,Бразил, бразилскиот шампионат за слободни стилови ( во вториот круг, третиот и во финалето ) во Сао Паоло,Бразил.

Достигнувања во својата кариера:

–          Светски шампион во БЏЏ (без кимоно ) 2008 година во Калифорнија, САД;

–          Пан Американски шампион во Џиу Џитсу – 2002/2003/2004 година во Флорида,САД;

–          Шампион на Бразил во слободни стилови – 1996 година, Сао Паоло, Бразил;

–          Шампион на Вториот Шампионат во слободни стилови – Сао Паоло, Бразил;

–          Шампион на Третиот Шампионат во слободни стилови – Сао Паоло, Бразил;

–          Шампион на “The Fighter” Сампионатот во слободни стилови – Рио, Бразил.
935534_10200793037782407_1764027975_n
Проф. Переира денес е Председател  на Федерацијата за бразилска федрација во Мајами, САД.
Денес одржува семинари низ целиот свет ( Бразил САД, Австралија, Европа ). Одржува семинари за БЏЏ, за ММА, Вале Тудо.
Во 2013 година стана носител на корален појас ( црвено-црн) и е биде еден од дестината светски мајстори во БЏЏ кои поседуваат корален појас.