Биографија – Проф. Паоло Гуимараеш

358

Проф. Пауло Гуимараеш е основач на РООТС БЏЏ Австралија и Главен инструктор во Сиднеј ЦБД Доџо.
Пауло Гуимараеш почнал да тренира БЏЏ кога имал 15 години  (предходно 7 години тренирал џудо  почнувајки од 6 годишна возраст).

1271587_545415612197996_137912413_o
Во 1982 година фамилијата на Пауло се преселува во Барра и тој почнува тренира БЏЏ наместо џудо.
Во тоа време БЏЏ била вештина која бр зо се ширела низ целата држава благодарение на турнирите, но и на нејзината ефикасност во уличните борби кои во тоа време во Бразил биле секојдневие.
Пауло почнал да тренира кај фамилијата Бехринг и Мајсторот во боречките вештини Флавио Бехринг ( денес носител на црвен појас ) кој во тоа време бил Црн појас под водство на ГМ Хелио Грејси.
Во тоа време Пауло го запознава Џорџ Переира со кого тренирале во иста сала каде што стануваат добри пријатели и спаринг партнери.

295573_10200606661354777_813106155_n
По неколку години Марсело Бехринг и Џорџ Переира го менуваат клубот по сугестија на таткото на Марсело, Флавио Бехринг и почнуваат да тренираат во Грејси Академијата под водство наРиксон Грејси. Потоа тие се што учеле го пренесувале на Пауло и другите ученици во салата на Бехринг.
Потоа Пауло почнал да се занимава повеќе со сурфингот, а многу помалку со бџџ тренинзите.
По неколку години Пауло сака да го заврши факултетот и да почне пак да тренира бџџ како предходно.
Во почетокот на 90-те Марсело Бехринг заминува во повеќе држави со предизвик за борба до сите кои тренираат боречки вештини. Патот го започнал во Австралија. Тогаш прв пат БЏЏ влезе на тлото на Австралија со мошне агресивната форма на борба наречена “No Rules Fight”.
По успешнните турнири,, Марсело се враќа во Бразил каде што бил убиен и Џорџ Переира ја превзема обврската да го води клубот, да ги тренира сите ученици на Марсело вклучувајќи го и Пауло.

154265_1601937502467_2424125_n
Во 1993 година Пауло постанува професионален пилот и добил работа да лета во реонот на џунглата во Амазон во Северен Бразил.
Во договор со Џорџ почнува да предава БЏЏ во Белем до Пара, во истиот град каде што почна да се создава БЏЏ во 1900 година кога Светскиот Џиу Џитсу Шампион Матсуо Маеда ( Count Coma ) почнал да го учи Карлос Грејси на првиот чекор од ова вештина.
Сега Пауло бил лилјаков појас со освоени повеќе титули во БЏЏ натпреварите низ Бразил вклучувајќи 2 пати шампион на Северен Бразил и 2 пати шампион на Север/Североисточен Бразил.Притоа бил главен тренер во едно од најдобрите школи во Белем наречена АПАМ ,сопственост на познатиот јапонски мајстор Сенсеи Јохидо Мачида, татко на денес светски познатиот УФЦ шампион, Лиото  “The Dragon” Мачида кој ги почнува своите први чекори во БЏЏ како ученик на Пауло.
Во 1994 година почнал да ги подучува припадниците на Армијата на Бразил  (5-та Гарда – Amazon Junge Division ) со техниките од самоодбрана и борба од БЏЏ. Во тој период Пауло ја имал својата прва Вале Тудо борба против Армискиот шампион во бокс каде што победил со зафат на вратот и со ова ја докажал супериорноста на овој стил.
Во 1995 година ја основа државната федерација заедно со Проф. Алфредо “Вердуго” Марљуес , многу способниот шампион во црн појас во БЏЏ под водство на  мајсторот Освалдо Алвес, како членка од Бразилската Конфедрација за БЏЏ. Тогаш се здобива со кафен појас и постанува Председател на ова федрација.
Кон крајот на 1996 година Пауло се преселува во Јужен Бразил заедно со својот добар пријател и лојален ученик ( првиот ученик кој добил црн појас од Пауло ). Таму ја отвора Extreme BJJ Academy која набрзо постанува главен центар за изучување на БЏЏ во Јужен Бразил, притоа неговите ученици освојуваат многу државни турнири. Пауло постанува Подпредседател на Рио Гранде до Сул БЏЏ Федерацијата заедно со Марио Спери и Валтер Матос.
Во 1998 година го добива црниот појас од својот долгогодишен инструктор и пријател, Џорџ Переира после 16 година тренинг, посветеност, освоени турнири.
Но, патот не завршува тука….тука почнува новит почеток.

151069_1601936582444_5993840_n(1)
Во 2000 година се запознава со својата сопруга и планираат да одат на долг одмор во Нов Зеланд, Бали и Австралија каде што го запознава Брад Петерсон кој го поканува да биде тренер во неговата сала во Неутрал Беј во Сиднеј.

2000 година

Пауло е првиот носител на црн појас во БЏЏ од Бразил кој живее и тренира во Австралија. Борците од цела Австралија доаѓаат во овој клуб да учат од Пауло и да земаат приватни часови од него.

2001 година

Кон крајот на 2001 година Пауло ги преместува своите тренинзи во Бонди каде што почнува да го основа неговиот тим на шампиони РООТС БЏЏ.

2002 година

Оваа година Пауло и уште двајца носители на црни појаси кои живеат во Сиднеј  ја основаат Австралиската Федерација за БЏЏ со дозвола од Интернационалната Федерација за БЏЏ. Истата година се организираат три Турнири во Нов Јужен Велс и РООТС постануваат првите шампиони на NSWBJJF ( како и во наредните две години ).

2003 година

Пауло ги зема со себе своите најдобри три ученици за прв пат да се натпреваруваат во Светскиот Куп во БЏЏ. Сите тројца на тој турнир земаат ЗЛАТНИ МЕДАЛИ и членовите на РООТС постануваат првите Австралијанци – светски шампиони во БЏЏ. Светските новински агенции го прогласиле тимот на РООТС како “100 % успешен тим”.

2004 година    

Оваа година Пауло оди да се натпреварува во Лас Вегас на Шампионатот на Пан Америка заедно со својот пријател Џорџ Переира, каде што Пауло го зема сребрениот медал во апсолутна категорија, ученикот на Пауло зема бронзен медал, а Џорџ зема златен медал во категорија и сребрен медал во апсолутна категорија.
Истотака во 2004 година, учениците на Пауло се натпреваруваа на Свтското Првенство во Бразил каде што освојуваат 3 златни медали, 1 сребрена и 1 бронзена медала.

2005 година

Тимот на РООТС го освојуваат и Националниот Шампионат на Австралија во Граплинг ( борби без кимоно ) повторувајќи го успехот во 2006 година.

2006 година

Во 2006 година Пауло оди во Бразил на Светското Првенство ,но овој пат сака да се натпреварува во потешка категорија. Во насока на тоа ја зголемува својата тежина за 6 килограми и после многу тешки борби на турнирот, освојува бронзен медал. Но, ова година Пауло ја прифака понудата да се бори во ММА борба во “King of the Cage”. Три месеци припреми, бџџ,бокс, таи бокс, борење..и на крајот победа за 29 секунди во првата рунда ( back choke – зафат за врат од позади ).

2007 година

Уште еден шампионат на NSWBJJF и победи од тимот на РООТС, победи во ММА борби. Пауло создава свое шоу кое го нарекува Х-АГОН и промовира 4 вакви турнири.

Пауло се посветува на своите техники, на изгрдба на својот тим, на својата сала и одржува семинари во своите клубови низ цела Австралија ( 7 клуба во Нов Јужен Велс , 2 во Западна Австралија и 2 во Јужна Кореа ).

2008 година

Кон крајот на 2008 година во Токио во ноември, Пауло освојува две златни медали на Азискиот шампионат во категорија и во апсолутна и постанува шампион на Азискиот шампионат.

2009 година

Во 2009 година победува на квалификациите во Австралија за престижното светско натпреварување во Абу Даби АДЦЦ.

Исто така ова година во Европа го одржува својот прв семинар надвор од Австралија ( Ирска и Италија ), а потоа одржува семинари и во САД.

2010 година

РООТС БЏЏ отвораат 3 нови клубови во Сиднеј. Со овие 3 клубови, сега тимот на РООТС брои 11 БЏЏ клубови и уште два клуба во Јужна Кореа и сите се подводство на Проф. Пауло Гуимараеш.
Пауло почнува да прави семинари во Австралиската Армија и ги учи на истите техники кој тој во 1990 година ги тренирал и со Бразилската Армија.
РООТС БЏЏ победуваат на Австралискиот национален шампионат во грапплинг по трет пат.
Тимот на РООТС БЏЏ на ММА сцената под водство на Пауло бележи успеси, во “King of the Cage” неговиот ученик ,носител на црн појас Тони Бонело постанува  светски шампион во три категории… и уште многу други кои прозилегуваат од овој тим освојуваат значајни успеси.

2011 година

Во ова година се отвораат уште 3 нови клубови кои се дел од РООТС БЏЏ и тоа една во Мајами, една во Сао Паоло и една во Македонија. Во Македонија тимот на РООТС БЏЏ е официјално и првиот клуб во Македонија каде што се изучува БЏЏ.

На шампионатот во Абу Даби , членот на РООТС БЏЏ , Брајан Фелзон е првиот професионален шампион од Австралија кој освојува златен медал во грапплинг и сребрен медал во борби со кимоно.

Исто така членот на РООТС БЏЏ , Марсело Алтиери  за 90 секунди победува во ММА меч.