На ден 30.09 (сабота) нашата Македонска репрезентација за бразилска џиу џица учествуваше на турнирот АЈП Србија на кој се закити со 11 златни 5 сребрени и 2 бронзени медали.
Даниела Алексовска 3 златни медали во категориите –
-55 кг +18години кафени и црни појаси ( против натпреварувачка од Обединети Арапски Емирати која рангирана 16 во свет 2 во Азија и прва во Обединетите Арапски Емирати)
-63 кг -18години виолетови појаси (преместена од 52кг во 63кг)
-55кг виолетови појаси без кимоно
Тони Блажевски во категорија -50кг до 14 години зелени и портокалови појаси(златен медал)
Марко Трајановски 84кг -15 години зелени и портокалови појаси (златен медал)
Антонио Трајковски бели појаси -8 години -30 кг (златен медал)
Петар Џатевски бели појаси -8 години -26кг (златен медал)
Гораст Василевски виолетови појаси +18 години -94кг(златен медал)
Марко Петровски +18 години -69кг сини појаси без кимоно (златен медал)
Стефан Пецевски +18 години -85кг црни појаси без кимоно (златен медал)
Ева Илиевска +18 години без кимоно виолетови појаси -95кг (златен медал) и сребрен медал со кимоно
Давор Метович 2 сребрени медали во категории со и без кимоно -62кг +18 години бели појаси
Леонид Димовски (сребрен медал) до 10 години – 27кг
Андреј Марков (сребрен медал) сини појаси +18 години -77кг без кимоно
Иван Милошев (бронзен медал) сини појаси +18години -85кг
Анџела Стамкова (бронзен медал) -52кг -15 години зелени и портокалови појаси
Учество зема и Марија Мичов која де успеа да се пласира за борба за медал.