Правила за натпревар во БЏЏ

371

Регулативи и правила за  борба во Бразилската Џиу-Џица

             Џиу – Џицата е една од најстарите древни боречки вештини и претставува најкомплетна вештина на само-одбрана. Податоците за потеклото на оваа боречка вештина се контроверзни, но се верува дека потекнува од Индија, потоа преминува во Кина, Јапонија за на крај да заврши во Бразил каде што се усовршува и се гради цела една нова спортска дисциплина наречена Бразилска Џиу-Џица. Спортската верзија на Џиу-Џицата, со натпреварувачки карактер ја демонстрира физичката и психичката подготвеност на спортистот каде што до израз доаѓаат неговата кондиција, техника и дарбата да го доведе својот противник во безизлесна ситуација – зафат.

bjj

             Дозволени движења се сите оние движења кои настојуваат да го неутрализираат, имобилизираат, задават или да предизвикаат голем притисок на зголобивите на противникот.  Но, покрај овие движења кои се дозволени, постојат и недозволени движења како: гризење, влечење за коса, брцање со прстите во очите или носот на противникот, удари во гениталии, виткање на прстите како и недозволено користење на колената, лактите, дланките за да се дојде до предност.  Како и да е, победата неможе да се добие по секоја цена. Мора борбата да биде фер и сите правила да се почитуваат.

             Етичкото однесување е тоа што на овој спорт му дава кредибилитет и безбедност и како такво мора да се негува и применува во сите типови на наптреварувања. Токму почитувањето на противниците, етичкото однесување на натпреварувањата и спортскиот дух кај натпреварувачите се причината за мега популарноста на Бразилската Џиу-Џитца. Мора да се напомене дека целта е овој спорт да стане дел од најголемото натпреварување, Олимписките Игри. Поради тој „товар“, сите спортисти кои учествуваат во натпреварувањата носат дел од одговорноста за идниот успех на овој спорт и тој како таков директно зависи од нивниот однос при тренинзите како и на турнирите.

BJJ Nis 2016

           ПОГЛАВЈЕ 1 – АРЕНАТА (РИНГОТ) ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

             Арената каде што се одвиваат натпреварите во БЏЏ треба да биде составена од 2 или повеќе арени за натпреварување, обиколени со сите пропратни асистенти на натпреварот: судии, записничка маса, инспектор, личност за обезбедување и дисциплински оддел кој има улога да ги санкционира сите не етички однесувања од страна на судиите, тренерите, натпреварувачите или останатите организатори.

             АРЕНАТА ЗА НАТПРЕВАР: Секој ринг, мора да биде со димензии од минимум 6 x 6 метри (борбената зона) покриена со татами, обиколена со  1×1 метар татами со различна боја од тие во борбената зона. Најчесто се применуваат црвени и плави татами.

 ibjjf1

        ПОГЛАВЈЕ 2 – ОПРЕМА

            ЗАПИСНИЧКА ТАБЛА: Таблата со информации на записничката маса мора да биде позиционирана на тој начин што ќе гледа према натпреварувачите пред секој ринг за натпреварување. Паралелно на таблата се столчињата на судиите и записничарот. САМО ОВИЕ ЛИЦА СМЕАТ ДА СЕДАТ НА ЗАПИСНИЧКАТА МАСА. Од страна на масата може да седи инспекторот на судењето. Инспекторот има задача да ги надгледува судиите дали судат не пристрасно и дали целиот процес на судење и запишување на поените на таблата е со нормален тек.

Nis BJJ OPEN 2015

            Столици, рекламни паноа и табли:

            Мора да бидат поставени соодветно на страна од натпреварувачката зона така што ќе соддвествуваат со сите потреби.

            Стоперки:

            Мора да се поставени кај секој натпреварувачки ринг и истите се користат за да се мери времето на секој натпревар соодветно.

        Nis BJJ OPEN 2015

ПОГЛАВЈЕ 3 – СУДЕЊЕ

             Судијата кој се наоѓа на татамите во натпреварувачката зона е лице со најголем авторитет и приоритет на натпреварот. Истиот има авторитет да ги дискавилифука натпреварувачите додека трае натпреварот. Никој неможе да ја поништи неговата одлука. Во специјални случаеви, Спортската Федерација може да го прегледа судењето и да донесе дополнителни одлуки според статутот на федерацијата. Записничарот одговорен за времето на натпреварот му помага на главниот судија за да има контрола врз временската рамка. Доколку главниот судија се покаже неспособен регуларно и не пристрасно да го води натпреварот, инспекторот може да го замени за времетраење на мечот.

             За времетраење на мечот, главниот судија константно ги насочува натпреварувачите кон центарот на означената натпреварувачка површина. Кога некој од натпреварувачите или двајцата заедно ќе ја напуштат натпреварувачката зона, судијата ќе извика „СТОП“ и истовремено ќе ја покаже гестикулацијата со телото предодредена за таа команда. Со оваа команда, двајцата натпреварувачи МОРА ДА ЗАСТАНАТ ВО ПОЗИЦИЈАТА ВО КОЈА ШТО СЕ НАОЃАЛЕ ВО МОМЕНТОТ НА КОМАНДАТА.  Судијата може да каже „СТОП“ и кога 2/3 од телото на натпреварувачот се излезени вон натпреварувачката зона. Записничарот може да му помогне на судијата во овој случај да се вратат натпреварувачите во центарот задржувајќи ја позицијата во која се затекле. Доколку и судијата и записничарот неможе да ги поместат натпреварувачите, тогаш од истите ќе се побара да станат, да се преместат во центарот и да се наместат во истата позиција во која биле.

Nis BJJ OPEN 2015

             Судијата не смее да дозволи интервенција на некој од натпреварувачите од надворешни лица. Медицинскиот тим може да биде повикан само од главниот судија.

             За време на натпреварот, главниот судија и записничарот не смее да комуницира со натпреварувачите. Прекршувањето на ова правило се казнува најсторого.

             Стартувањето и стопирањето на натпреварувачкото време го врши единствено записничарот и со сигнали му означува на главниот судија кога стопира и кога го продолжува времето.

             Со свирка од записничката маса се означува крај на борбата. Судијата може да даде предност на некој од натпреварувачите кои имале почесто обиди за зафати, за добивање на доминантни позици или добиле доминантна позиција но не ја задржале доволно време за да може да добијат поени за истата.

             Сите забелешки се запишуваат од помошните судии на записничката маса. Забелешките не смеат да бидат заменети или недоволно јасно опишани. Тие мора да кореспондираат со сигналите кои ги испраќа главниот судија.

             Битно: Секоја одлука која не е стриктно дефинирана со овој прирачник, може да биде дополнително одлучена од судиите.

bjj

             ПОЗИЦИИ И УЛОГИ НА СУДИИТЕ НА НАТПРЕВАРОТ

             Централниот или главен судија останува во рингот.  Диригирајки ја борбата, овој судија директно учествува во одлучувањето кој ќе биде победник на натпреварот.

             Главниот судија одлучува и на кој од натпреварувачите да им додели зелено-жолт појас за нивна полесна идентификација. Ова се доделува доколку кимоната на натпреварувачите се со иста боја и најчесто тој натпреварувач стои од неговата десна страна. Другиот натпреварувач стои од левата страна на судијата. Почетокот на борбата се означува со „Започни“, „Старт“ или некој друг сигнализирачки глас кој означува почеток.

             Сите фрлачки техники, со сигнализација од главниот судија се запишуваат во забелешките на помошникот судија или доколку се работи за чисти поени се објавуваат и на главната табла. Во случај на изедначеност со поени, помошникот судија покажува со двете раце кон натпреварувачот со предност која ја има забележано во белешникот.  На неговата сугестија, главниот судија одлучува кој од натпреварувачите бил со подобри перфоманси и кој прикажал повеќе „корисна“ агресивност со единствена цел – победа на натпреварот. Во никој случај натпреварот неможе да заврши нерешено. Главниот судија одлучува кој натпреварувач е победник и одлуката е финална и непроменлива.

             Централниот судија мора да провери пред секој натпревар дали се е во ред со опремата: Рингот, Кимоната, хигиената на натпреварувачите и дали сите делекати и помошници се на местата.

             Судијата мора да се увери и да провери дека ниту публиката, ниту фоторепортерите се во доволна близина на натпреварувачката површина со што би можело да се предизвика контакт со натпреварувачите.

bjj pecevski

             ЛИЦЕ ЗА ПРОВЕРКА НА БОРБЕНАТА ОПРЕМА И ХИГИЕНА

           Лицето за проверка на борбената опрема проверува дали ноктите на натпреварувачите се исечени, дали кимоното ги исполнува официјалните правила на светската БЏЏ Федерација, дали знамето на државата или амблемот на клубот одговараат со пријавата на натпреварувачот. Истата проверка се врши и за натпреварите без кимоно.

        ПОГЛАВЈЕ 4 – СИГНАЛИЗАЦИИ

            Главниот судија може да ги покаже долу наведените сигнализации за време на натпреварот:

           За да може да прикажува кој натпреварувач ги добил поените, судијата мора да носи жолта нараквица околу својот зглоб на дланката. Доколку натпреварувачот со жолт појас добил поени, судијата ја крева десната рака и покажува колку поени добил натпреварувачот. Во спротивно, ја крева левата рака (без нараквица) и покажува колку поени добил натпреварувачот

            Фрлања, првртувања и колено на стомак

            (Take downs, sweeps and knee on the belly)

            Судијата ќе ја крене својата рака покажувајќи 2 поена

            Passing the guard

            Судијата ќе ја крене својата рака покажувајќи 3 поена

            Front mount, back mount and back grab

            Судијата ќе ја крене својата рака покажувајќи 4 поена

 20161016_153837

            КАЗНИ

            Судјата ќе ги крене двете раце со затворени дланки, претходно сигнализирајќи ја бојата на појасот и со тоа го казнува натпреварувачот давајќи му предност на противникот.

            ПРЕДНОСТ

             Судијата сигнализира предност со испружена рака вртејќи нанадвор паралелно на подот

             ЗА ПРЕКИН НА БОРБАТА

              За прекин на борбата судијата ги отвара двете раце во иста висина хоризонтално во висина на рамењата.

             ЗА ПРЕКИН НА ВРЕМЕТО

             За стопирање на времето судијата сигнализира позиционирајќи ја едната рака над другата формирајќи ја буквата „Т“. Овој знак се користи за Time Out во кошарката.

             ЗА ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА

             За дисквалификација на одреден натпреварувач, судијата ги крева рацете и ги скрстува. Потоа покажува кој натпреварувач е дисквалификуван

             ЗА ДА СЕ ОДЗЕМЕ ДОДЕЛЕН ПОЕН

             За да се одземе доделен поен, се користи истиот сигнал како за доделување на поените, само што судијата со крената рака мавта лево – десно.

bjj zagreb abu dabi

        ПОГЛАВЈЕ 5 – ЗАКЛУЧОЦИ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊАТА

         Мечот никогаш неможе да заврши нерешено.

            Тоа значи дека мечот може да заврши доколку има:

             1. ЗАФАТ

            2. ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА

            3. БЕСОЗНАНИЕ КАЈ ЕДЕН ОД НАТПРЕВАРУВАЧИТЕ

            4. ПОЕНИ

            5. СО ПРЕДНОСТ

pecevski zagreb abu dabi

          ЗАФАТ (SUBMISSION)

           Под зафат се подразбира техника со која противникот е приморан да се предаде на тој начин што:

            1. Со дланката удира на притивникот неколку пати или на видлива површина на татамите

            2. Со сигнализација со нога удирајки по подот или на противникот доколку рацете се зафатени и нема можност да сигнализира со рака

            3. Усмено му соопшти на судијата дека се предава

            4. Доколку некој од натпреварувачите е сериозно повреден или се чуствува физички недоволно спремен за да го издржи натпреварот

            Исто така:

            5. Доколку примети судијата дека некој зафат е правилно изведен и дека противникот се соочува со големо оптегнување на зголобовите и мускулите и дека трпи голема болка

            6. Доколку тренерот на натпреварувачот фрли пешкир на рингот, тоа означува дека неговиот натпреварувач го предава мечот.

            7. Доколку натпреварувачот се наоѓа под зафат може усмено да каже „Стоп“, „Доста е“ или слични сигнали со што се прекинува мечот.

            Судијата може да го прекине мечот доколку се забележи дека еден од натпреварувачите е повреден и дека не е способен да го продолжи натпреварот. Повредениот натпреварувач со ова ја губи борбата доколку повредата не е нанесена неправедно. Доколку се работи за неправедна повреда, тогаш неговиот противник добива дисквалификација, а повредениот противник е победник во натпреварот.

Nis 2016 Nade

            ДИСКВАЛИФИКАЦИИ:

            СЕРИОЗНИТЕ ПРЕКРШУВАЊА И ПОВРЕДИ СЕ КАЗНУВААТ ДИРЕКТНО СО ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА.

            До дисквалификација може да дојде ако:

            1. Се користи навредлив јазик кон противникот, се пцуе, колне или се изведуваат гестикулации кои може да го навредат противникот, судијата или публиката. Секое неспортско однесување во рингот може да доведе до дисквалификација.

            2. Гризење, влечење за коса, брцање со прсти во очи или нос кон противникот се санкционизираат со дисквалификација. Исто така, намерата да се повредат противничките гениталии,  колена, лакти или глава (неспортски) со цел да се добие предност или подобра позиција исто така резултира со дисквалификација.

            3. Кога на еден натпреварувач ќе му се соблече кимоното, од страна на главниот судија му се доделува одредено време за да го намести своето кимоно. Доколку натпреварувачот не го намести своето кимоно во даденото време тој може да биде дисквалификуван.

            4. Натпреварувачите се должни под долниот дел од кимоното да носат шорцеви или боксерки. Доколку дојде до кинење на долниот дел од кимоното, на натпреварувачот му е дадено одредено време да го замени тој дел од кимоното. Доколку натпреварувачот не најде замена во одреденото време, ќе биде дисквалификуван.

            5. Доколку еден натпреварувач се наоѓа во зафат и не сака да ја предаде борбата, туку сака намерно да излезе од границите на натпреварувачката зона, тој веднаш е дисквалификуван. Доколку е казнет од судиите, овој натпреварувач може да продолжи да се бори само во други категории каде што е пријавен (односно во категоријата без ограничување).

           6. До дисквалификација доаѓа доколку се прекрши било кое правило од ПОГЛАВЈЕ 6

Minhen 2016

           КАЗНИ:

            На помалите прекршоци најпрво се дава вербална опомена од судијата.

             На вториот прекршок се дава предност на противникот.

             На третиот прекршок се даваат 2 поена на противникот.

             По третиот прекршок судијата може да го дисквалификува натпреварувачот.

             1. Кога започнува борбата, натпреварувачот смее да седне или да се спушти на колена само доколку го држи противничкото кимоно.

             2. Казливо е доколку некој од натпреварувачите намерно со екстремитетите излезе од рингот со цел да се добие на време. Истото важи и доколку борејќи се со противникот намерно ротира или ја води борбата надвор од рингот.

             3. Се казнува и намерното вадење на кимоното на противникот или на своето кимоно со цел натпреварувачот да се одмори и да добие на време.

             4. Забрането е префаќање на внатрешноста на кимоното (кај зголобовите на рацете и нозете) или држење на противничкиот појас со две раце.

             5. Доколку некој од натпреварувачите има предност и се труди да ја „умртви“ борбата може да биде казнет. Тоа може да го направи преку криење и не превземање на активности во борбата. На тоа, судијата бара наредните 30 секунди од борбата да бидат обележани. По истекувањето на овие 30 секунди доколку ништо не се променило, судијата може му одземе 2 поена на „пасивниот“ натпреварувач и натпреварот продолжува од почетната позиција (двајцата натпреварувачи се станати). Ова може да се толерира само 2 пати во еден натпревар, а доколку има и 3-та опомена, судијата може да го дисквалификува „пасивниот“ натпреварувач.

             6. ЗАБЕЛЕШКА: Натпреварувачот кој сака да излезе од рингот со цел да спречи некоја техника кој противникот се обидува да ја направи се казнува со одземање на 2 поена.

             БЕСОЗНАНИЕ:

             Натпреварувачот доколку ја изгуби свеста преку дозволени движења, фрлања или зафати од страна на противникот го губи натпреварот.

             ПОЕНИ:

             Позитивни поени: натпреварувањето во својата природа ги тера натпреварувачите да ги користат совите технички и физички способности за да победат со зафат или да добијат повеќе поени од својот противник изведувајќи чисти и коректни техники.

             ЗНАЧАЈНО:

             Натпреварувачот неможе да добие поени за техника за која претходно добил поени. Пример: доколку добил поени за колено на стомак, и доколку ги смени колената или повторно се врати во истата техника нема да добие дополнителни поени.

             Натпреварувачот нема да добие поени за техниката ако се наоѓа во зафат. Пример: доколку еден натпреварувач дојде во mount позиција а неговиот противник го држи во guillotine, натпреварувачот кој е во mount позиција нема да добие поени се додека не се извлече од guillotine позицијата.

             ПОЗИЦИЈА:

             Поените за остварена позиција се добиваат кога нема завршеток на борбата со зафат и кога натпреварувачот изведува чисти поени. На крај се бројат поените и победува натпреварувачот со повеќе поени добиени од позиција или т.н. предност поени.

             ФРЛАЊА:

             Секој тип на фрлање на противникот или задршување на противникот по фрлањето на неговиот грб се наградува со 2 поена. Доколку противникот е фрлен на земја а не паднал со грбот, тогаш во позицијата во која што паднал мора да се задржи 3 секунди за да се добијат 2 поена.

Minhen 2016

             ДОПОЛНУВАЊЕ 1: Секое фрлање кое што ќе заврши надвор од борбената зона, ќе се смета за валидно доколку натпреварувачот кој фрла пред да го изведе фрлањето стоел целосно со двете нозе во борбената зона.

            ДОПОЛНУВАЊЕ 2: Доколку еден од натпреварувачите е со едното колено на земја, тогаш фрлачот ќе добие 2 поена само доколку тој е со двете нозе станат, однсоно ниедно негово колено не е на земја. Доколку едниот натпреварувач е со двете колена на земја и доколку фрлачот успее да го фрли, тогаш мора да премине во странична контрола и со тоа ќе добие само предност. Нема поени за фрлање доколку едниот од натпреварувачите е со двете колена на земја.

             ДОПОЛНУВАЊЕ 3: Доколку фрлачот се обиде да го фрли противникот, а овој седне на земја и успее да изврши sweep, тогаш фрлачот нема да добие поени а натпреварувачот што успеал да направи sweep ќе си добие 2 поена.

            ДОПОЛНУВАЊЕ 4:  Доколку фрлачот заврши под фрлениот натпреварувач, тој добива 2 поена, а фрлениот натпреварувач добива само предност бидејќи успеал да добие доминантна позиција по неговото фрлање. Доколку фрлачот го фрли противникот и заврши во Guard позиција и потоа биде превртен, тогаш фрлачот добива 2 поена за фрлањето а неговиот противник добива 2 поена за изработен sweep.

B) PASSING THE GUARD е кога натпреварувачот кој е над противникот и помеѓу неговите нозе ќе премине во страна на својот противник паралелно или нормално поставен на својот противник. За да добие поени, натпреварувачот мора да го задржи својот противник во таа позиција не дозволувајќи му да избега или да премине во друга позиција. За оваа техника се добиваат 3 поени.

ЗАБЕЛЕШКА: Доколку натпреварувачот кој се наоѓа на подот успее да ја прекине оваа техника станувајќи на колена или целосно на нозете, тогаш натпреварувачот кој се обидел да го помине гардот добива предност но не добива поени.

 C) KNEE ON THE BELLY: Кога натпреварувачот кој е горе ќе го постави своето колено на својот противнички стомак држејќи го за реверот од кимоното и за едната нога или појасот, тогаш добива 2 поена.

 ЗАБЕЛЕШКА: Доколку натпреварувачот долу го одбие нападот и го оттргне коленото брзо, или пак натпреварувачот горе не го постави убаво коленото нема да добие поени, туку ќе добие само предност.

 D) THE MOUNT: Mount позиција е кога натпреварувачот ќе се најде целосно над својот противник. Противникот може да лежи на стомак, грб или на страна. Натпреварувачот кој се наоѓа горе може да седи на едната од рацете на противникот, може едната нога да биде на колено или со стапалото да го допира подот.