Граплинг промоцијата на Chael Sonnen, Submission underground, припрема интересен програм за својот следен настан, кој ќе го предводат Jake Shields, и Dillon Danis, а за прв пат после пензионирањето од ММА ќе настапи и Uriah Faber.
Submission underground на почетокот се промовираше како многу интересна граплинг промоција, која во соработка со проталот Flocombat организира многу интересни борби. Секако, во прилог на сето тоа одат многу добри односи помеѓу Chael Sonnen со голем број познати борци, со кои не му е проблем да се договори.
Така за својот четврт настан припреми многу интересна главна борба, во која ќе настапат Dillon Danis и Jake Shields. Dannis е граплинг тренер на Conor McGregor и од неодамна стана член на Белатор, а познат е по својте големи провокации. Секако, додека го учи McGregor за борба во партер, и он самиот нешто научил од него. Од друга страна, Shields е еден од најреномираните граплинг имиња во Америка и сигурно сите љубители на граплингот ќе ги интересира да го погледнат овој дуел.
Sonnen на првиот настан после пензионирањето од ММА успеа да го натера Uriah Faber. Сопственикот на тимот Alpha Male и еден од најпопуларните ММА борци воопшто, ќе настапи во борба против 25 годишниот сјаен БЏЏ натпреварувач, Paulo Miyao.