Работен состанок на Претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ со новиот директор на Агенцијата за млади и спорт

563

Вчера во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа работен состанок меѓу новиот Директор на Агенцијата за млади и спорт,г-динот Дарко Каевски и Претседателот на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица, г-динот Ивица Алексовски.

На состанокот Алексовски го информираше директорот Каевски за состојбата во Федерацијата, за досегашните постигнувања, за плановите на Федерацијата, за проблемите во овој спорт, за проблемите во функционирањето на Федерацијата.

Директорот Каевски ги изнесе своите ставови за развивање на спортот во Македонија со помош на Агенцијата, за плановите за развој на спортот во Р. Македонија.

Се надеваме дека некој по 5-6 години функционирање на Федерацијата, по освоени многу медали и меѓународни турнири, Агенцијата ќе ги помага оние кои навистина работат и се залагаат за развој на спортот во нашата држава.