Зошто децата треба да се занимаваат со спорт и зошто боречките вештини се идеални за нив

621

Без оглед дали станува збор за тимски или индивидуален спорт, тој за децата и нивниот развој е и повеќе од неопходен. Идеална возраст според некои истражувања за детето да почне со одреден спорт е од 5 до 9 години, кога во тој период ги стегнува и создаваат своите навики кои ќе им го олеснат животот во повозрасните години. Но годините се само бројка, а желбата за спортот и љубовта спрема него може да се јават во секој период од животот. Покрај здравиот начин на живот и трошењето на енергијата во сала наместо на улица, превенција на некој начин детето во периодот на адолесценција да не тргне по лош пат и слично ќе издвоиме и неколку бенефиции кои ќе ги стекне доколу неговата одлука се токму боречките спортови и дисциплини.

Боречките вештини, покрај тоа што ја зголемуваат телесната и мускулната сила на детето ја подобруваат и психичката активност која е многу битна за неговиот понатамошен развој.

Дел од психички придобивки  се:

Концентрацијата, самата борба и многубројните техники кои се изучуваат како и стравот на примање на удар и задавање на удар или напад во самата боречка вештина бараат голем степен на концентрација за да се совладаат и да се применат, со самото тоа детето ја стекнува концентрацијата која ќе му помогне и во училиштето. Самата хиперактивност и зголемена енергија некогаш ја отежнуваат концентрацијата кај детето, но затоа на тренингот ќе ги истренираат и совладаат да можат да се сконцентрираат на една ситуација.

Бонтонот и почитувањето. Она што секоја боречка вештина го има во самиот корен е почитување на тренерот, постариот чин и почитување на партнерот. Почитта е главната суштина од која произлегуваат сите добра понатаму, поради тоа што ако научи да почитува ќе научи и да прими совет и критика, а истата и да ја примени. Боречките спортови нема да ги научат Вашите деца на агресија и тепање на улица. Напротив, боречките спортови се тие кои ги учат децата како да избегнат несакана ситуација, како да се заштитат, учат самоодбрана, ја совладуваат контролата над себе за да останат прибрани во секоја ситуација која може да ги донесе до тепачка. Тие ќе ја научат фер борбата и спортскиот поздрав, почитувањето на ривалот на натпреварите.

Стекнување на нови пријателства и подобра социјализација, стекнување на нови искуства со кои ќе се изградат во здрави личности. Никогаш вашето дете кое тренира боречка вештина нема да започне прв борба на улица, а доколку на тоа е присилен ќе знае како да се справи со противникот. Ова посебно е важно за девојчињата, тие треба да ги знаат одбранбените техники во ова лудо и небезбедно време.

Зголемување на самодовербата и почитта кон самиот себе. Борецот уште од најмала возраст и со текот на годинити учи дека и изгубената борба не е изгубена, учи како да најде позитивен дел и да научи нешто, да го сфати поразот како добра лекција која понатаму ќе го направи уште подобар борец, а и човек. Ќе научи дека при секоја тешка ситуација има решение и излез и дека се може да се поправи. Нема да се одкажува при првите препреки кои ќе му се појават на патот, ќе научи како да ги совлада, ќе ја зголеми мотивацијата и желбата за успех.

Физичките придобивки како зголемена физичка активност која ќе му помогне и за полесен и мирен сон, здрав начин на живот, учење на здрави навики, здрави оброци, навремено спиење и станување.  Повеќе енергија брзо зголемување на кондицијата, како и здраво изградено тело и мускули со што се соочува денешната младина поради седењето на компјутери и користење на технологии, а помалку време поминати во спорт и рекреација, поради кои доаѓа до деформитет на телото на детето.

Бразилската џиу џица е идеален спорт за децата од 4 години па нагоре. Покрај горенаведените причини за избор  на боречка вештина, детето ќе научи многу повеќе и ќе се изгради во здрава психофизичка  личност.

Вашето дете може да го запишете во првиот клуб за бразилска џиу џица во Македонија, предводен од Претседателот на Македонската БЏЏ Федерација, Алексовски Ивица во Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” лоциран на ул.:”Емил Зола” бр.10а во Кисела Вода.

Повеќе информации може да добиете на 070 24 22 88.