BJJ Nis OPEN 2014 – 19 медали за нашите борци

414

Вчера во Ниш се одржа традиционалиот турнир во бразилска џиу џица на кој настапивме со 20 натпреварувачи. И овој пат во тимот имаве членови на кои ова им беше прво натпреварување.

Освоивме 19 медали и го совоивме ВТОРОТО место во тимско натпреварување.

Златни медали освоиа:

–          Селма Биберовиќ – 2 златни медали (една во категорија и една во апсолутна категорија) – плави појаси;

–          Ристо Јанев – плави појаси;

–          Никола Костадиновски – бели појаси;

–          Александар Дончевски – бели појаси;

–          Андреј Петрушевски – бели појаси;

–          Менка Стојаноска – плави појаси.

Сребрени медали освоиа:

–          Гоце Тодоровски – плави појаси;

–          Никола Петрески – плави појаси;

–          Стефан Пецевски – бели појаси;

–          Андреј Петрушевски – бели појаси.

Бронзени медали освоиа:

–          Алексовски Ивица – виолетови појаси;

–          Александар Дончевски – бели појаси (апсолутна категорија);

–          Александар Заткоски – плави појаси;

–          Стефан Митров – бели појаси;

–          Мики Смиљковиќ – плави појаси;

–          Менка Стојаноска – плави појаси (апсолутни појаси);

–          Стефан Пецевски -бели појаси (апсолутна категорија);

–          Владимир Величков – плави појаси.

Селма доминираше во сите  борби и сите ги заврши експресно со зафат на раката (арм бар) и освои две златни медали. Анреј Петрушевски имаше 5-6 борби за да го освои златниот медал во категорија и истотака имаше неколку борби во апсолутна каде што во финалето загуби. Двајцата наши млади надежи Никола Костадиновски и Александар Дончевски се покажаа во право светло. Двајацата се закитија со златни медали, а Дончевски заслужено го освои и бронзениот медал во борби со потешки и повозрасни противници. Стефан Пецевски имаше неколку победи, но во финалето загуби. Ристо Јанев иако во последно време е поретко присутен на нашите тренинзи поради работни обврски повторно се закити со златен медал. Гоце Тодоровски во финалето загуби од победникот во апсолутна категорија. Истотака Никола Петрески загуби во финалето и зема сребрен медал. Владимир Величков имаше квалитетни борби, но во полуфиналето загуби и мораше да се задоволи со бронзен медал. Стефан Митров имаше неколку борби каде што беше победник, но загуби во полуфиналната борба, а во борбата во апсолутна категорија во борбата во која беше далеку подобар од својот противник беше дисквалификуван поради изведување на забранет зафат во борбите за бли појаси. Во најсиланата категорија, борбите во виолетови појаси настапи Алексовски Ивица кој со 39 годишна возраст во својата втора борба во бразилска џиу џица  воопшто,се бореше со далеку поискусен противник и помлад и ја загуби борбата на поени. Сакајќи да поентира од позиција изведе едно превртување, но судијата му додели поени на противникот. Истотака во оваа борба имаше интересен момент. Борбите за виолетови појаси траат 7 минути ( бели појаси 5 минути, плави појаси 6 минути ), па пред крајот на самата борба од главната записничка маса интервенираа и додадоа уште две минути, па борбата продолжи и на крајот Алексовски загуби на поени.

Се на се овој турнир помина според планираното. Не го освоивме пехарот за најдобар тим, но мора да напоменеме дека 5 наши натпреварувачи не учествуваа во борбите во апсолутна категорија.

Следен турнир на кој ќе учестува нашиот тим ќе биде MACEDONIAN BJJ OPEN 2014 кој б требало да се одржи на крајот од месец мај.

Комплетнот фото албум го имате на следниов линк:https://www.facebook.com/ivica.aleksovski.92/media_set?set=a.10202803793370040.1073741862.1656979261&type=1&comment_id=6848352&offset=0&total_comments=3&notif_t=photo_album_comment