Мала екипа, многу медали на силниот турнир во БЏЏ во Загреб

355

The Strongest & ROOTS BJJ Macedonia

 

Отидовме со мала екипа составена од 8 натпреварувачи на силниот турнир во бразилска џиу џица  East Europe BJJ Open во Загреб, Хрватска во организација на Хрватската Федерација за БЏЏ. Учествуваа на 350 натпреварувачи од многу земји во Европа. Турнирот традиционалано се одржи во големиот трговски центар West Gate и со тоа се издвојува од останатите турнири во регионот.

1891060_10202648916978227_597694177_n 1924665_10202648901097830_1420252653_n

Освоивме:

2 златни медали: Никола Костадиновски и Аце Брсакоски;

4 сребрени медали: Алексовски Ивица, Александар Заткоски и две медали освои Менка Стојаноска (во категорија и во апсолутна);

2 бронзени медали: Андреј Петрушевски и Ненад Ристевски.

Со 8 борци нашиот тим “The Strongest & ROOTS BJJ” освои 8 медали што е за респект.

Следна цел ни е турнирот во Ниш кој се одржува на 9 март 2014 година каде што минатата година бевме Први во тимското натпреварување.