Биографија – Проф. Роберт Наумоски

432

Роберт Наумоски е Македонец кој тренира БЏЏ во Сиднеј, Австралија. Преку Роотс Македонија, Роберт го шири мега популарното БЏЏ во Македонија.

Со боречките вештини и боречките спортови започнал да се заминава во далечната 1987 година тренирајќи Нинџитсу.

Во 1994 година добил црн појас во истата вештина.

Додека тренирал во салата, сопственикот на салата го повикал Роберт да направат борба (спаринг) во подрумот на салата. На тој спаринг, сопственикот на салата му покажал на Роберт движења и техники од БЏЏ. По тој ден, Роберт одлучува дека мора да види каква е оваа техника, да ги научи движењата како и стилот на БЏЏ.

Започнал да тренира во локалната сала секоја сабота, скоро цела година, се додека не прочитал во магазинот Блиц за првиот Австралијанец кој добил црн појас во БЏЏ.

Тогаш го запознава Пауло Гуимараеш ( првиот жител на Австралија носител на црн појас во БЏЏ ). Од тој момент, Роберт сфаќа дека го пронашол својот БЏЏ учител. Роберт уживал во тие тренинзи каде што тренерот Пауло им покажал на своите ученици дека БЏЏ не е само боречка вештина, туку целосен начин на живот. Пауло успеал да направи сите да се чуствуваат како дел од една голема фамилија во клубот.

Тоа било повод и причина Роберт да отвори свој клуб за БЏЏ, каде што се повеќе лугѓе ќе можат да ги осетат благодетите на оваа боречка вештина.

 

Со помош од Пауло, Роберт ја отвара првата сала во Рокдеил  која набргу станала премала за бројот на ченови. Во потрага за поголема сала, Роберт отвара нова во Карлтон која исто така набргу станува премала за потребите на се поголемиот број на членови  на Роберт. Последната сала која Роберт ја отвара е во Бексли  со околу 200 метри квадратни површина обложена со татами каде што денес  Роберт ги држи своите тренинзи.

Статистики за Роберт Наумоски:

– 5 пати Шампион на Нов Јужен Велс  (Област во која спаѓа и Сиднеј);

– 3 пати Шампион на Австралија  и

– 4 пати Шампион на Пан Пацифицката област;